Договорот од Пржино е многу битен и важно е целосно да се спроведе. Европа го поддржува тој договор – е пораката што денеска ја упати до политичките лидери министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во работна посета на Република Македонија.– Вие подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кредибилни избори, пречистен список и подеднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и историја, сте имале и претходно фер, демократски избори и затоа е важно да се спроведе договорот од Пржино за да се овозможи понатаму да се работи на европската перспектива, нагласи на денешната прес-конференција шефот на холандската дипломатија, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
На новинарско прашање како внатрешно политичката состојба е поврзана со мигрантската криза, министерот Кундерс истакна дека политичата криза во земјата не е директно поврзана со бегалската криза.
– Но, за сите наши држави е важно затоа што секаде се јавуваат тензии во однос на тоа како да се реши бегалската криза. Затоа важно е нашите земји да останат стабилни за да можеме да соработуваме на решавање на бегалското прашање. Во Европа, вклучително и во Македонија се соочуваме со предизвикот на надворешната безбедност и внатрешниот консензус, а ова е особено предизвик за Македонија. Затоа сметам дека вашата визија и желба за евроатлантска интеграција е поврзана со спроведувањето на договорот од Пржино, рече министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.
Тој подвлече дека ја поддржуваат и работата на Специјалниот јавен обвинител.
– Таа треба да биде слободна да ја изврши својата работа. Сите треба да си помогнеме меѓусебно, порача шефот на холандската дипломатија, кој денеска ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.– Вие подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кредибилни избори, пречистен список и подеднаков пристап кон медиумите. Македонија