Една жителка на Нови Сад, не ни сонувала низ каков хорор ќе помине по сосема обичното купување на храна за својата шест месеци стара ќеркичка.Имено, таа пронашла долг и жолт црв во храната! Тој бил пронајден во житарки од ориз, на германскиот прозиводител „Милуп“.
„Кога почна да подготвува оброк за бебето, Марија Веселиновиќ забележа дека нешто мрда во ќесичката. На нејзино изненадување, се испостави дека станува збор за голем, дебел црв, со црна глава“, раскажува нејзината сестра Милица Веселиновиќ. Згрозените членови на семејството ја зачувале спорната храна, па дури и го фотографирале црвот.
„Она што е најлошо е што бебето веќе изеде еден оброк од оваа амбалажа. Црвот некако е видлив, но страв ни е од ларвите кои не можат да се видат со голо око“, вели вознемирената мајка. Според нејзините зборови, оваа храна може да се купи во сите аптеки или поголеми продавници.
„Амбалажата е оригинална, а рокот на траење е важечки. Сѐ делува исправно“, вели тетката, која веднаш ја извести и санитарната инспекција.
Од инспекцијата изјавиле дека сѐ уште чекаат и официјална пријава, како и дека побарале од родителите фотографија од црвот и самиот производ, по што соодветно ќе реагираат.Имено, таа пронашла долг и жолт црв во храната! Тој бил пронајден во житарки од ориз, на германскиот прозиводител „Милуп“.
&bdq



