Купила кинеска шминка од интернет, а потоа доживеала пекол!

Кога Рози дознала дека сенката што таа подолго време сакала да ја купи, е достапна на интернет и тоа за многу пониска цена, таа не се двоумела ниту секунда и веднаш ја нарачала.Во локалната парфимерија сенката веќе ја немало на полиците, но многу подобро за Рози ќе било таа да почекала истата да се најде повторно во продажба. Еве зошто.  
-Продавачот ми рече дека постои разлика во цена само затоа што сенката била отворена, за подобро да се види бојата. Тоа ми делуваше разумно, и решив да го купам производот. Продавачот е од Велика Британија- вели Рози.
Но, кога нарачаната сенка пристигнала, прво нешто што го забележала е дека етикетите се на кинески јазик, и дека недостасува кутија, во која нормално се продава козметиката на тој бренд. И покрај ова, Рози одлучила да ја испроба. Таа ја помирисала сенката и не почувствувала ништо, таа не изгледала чудно, по нанесувањето очите почнале да ја чешаат. Следното утро таа се разбудила со горните очни капаци залепени на дното од окото. Нешто сериозно не е во ред.
– Не можев да ги отворам очите. Ми беше многу тешко да ги подигнам очните капаци. Очите ми беа потечени и јас бев навистина исплашена, вели Рози.

 

Следните недела дена таа не можела да ја напушти куќата, и секој ден се ставала на антибактериски капки во очите. Три недели подоцна, кожата околу очите се уште и е црвена и воспалена и Рози не смее да стави воопшто шминка. Кога инфекција малку се намалила, таа отишла во парфимеријата и ја замолила продавачката да направи споредба на оригиналниот од сенката и на овој производ кој таа го купила од интернет. Повеќе од очигледно било дека сенките воопшто не си наликуват една на друга.
ШТО СЕ СОДРЖИ ЛАЖНАТА КОЗМЕТИКА?
Полицијата во Лондон запленила голема количина на лажни козметички средства, и нивното тестирање покажало дека производите содржат многу штетни состојки, како што се цијанид, арсен, жива, олово дури и човечка урина.
 Сепак, оваа девојка имала многу среќа. Иако нејзиниот пеколот траел повеќе од еден месец, таа немала никакви посериозни последици по здравјето. Она што се случило со неа, треба да им служи за пример на останатите девојки.
 Во локалната парфимерија сенката веќе ја немало на полиците, но многу подобро за Рози ќе било таа да почекала истата да се најде повторно во продаж

Пронајдете не на следниве мрежи: