Купиле чинија на распродажба: Неколку години подоцна им донела заработка од неколку МИЛИОНИ ДОЛАРИ!

Секогаш постои доза на возбуда кај куќните распродажби, која речиси е невозможно да се објасни. Копајќи по старите кутии од минатото, може да најдете токму нешто што ви треба или да откриете нешто што не сте знаеле дека ви треба.
Токму тоа му се случи на едно семејство од Њујорк. Во еден момент купиле чинија од 3 долари, а подоцна сфатиле дека добиле многу повеќе отколку што очекувале. Копајќи по работите на распродажба пронашле преубава чинија која ја купиле за 3 долари. Се потврдило дека тоа им е најдобра инвестиција на сите времиња. Со години чинијата им стоела на полица, а семејството немало поим што навистина поседува. Во еден момент, се заинтересирале за чинијата и за нејзиното минато. Набрзо откриле дека чинијата е стара илјадници години и дека припаѓала на кинеската династија Сонг. Таа е типичен пример на кинеска керамичка уметност позната како „Динг садови“.
Чинијата на крајот е продадена на аукција на Сотби за 2.225.000 долари. Заработија над 2 милиони долари на чинија од 3 долари. Затоа, гледајте што купувате! Копајќи по старите кутии од минатото, може да најдете токму нешто што ви треба или да откриете нешто што не сте знаеле дека ви треба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.