Курц: ЕУ да ги прекине преговорите за членство со Турција

Австрискиот министер за надворешни работи побара прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ, оценувајќи дека претстои и пропаѓање на договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегалскиот прилив кон Европа. Договорот со Турција е неодржлив, изјави Курц синоќа во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, додаваји дека ЕУ мора да ги исполни своите задачи, да остане независна од Турција и да не дозволи да биде уценувана од страна на Анкара.
Според него, прекинот на преговорите за членство на Турција во ЕУ е нужна последица на фактот што Анкара „во последните години постојано се оддлечува од Европа“.
Тој во интервјуто призна дека во ЕУ не постои консензус околу прекинот на преговорите со Турција, но нагласи дека со неговите ставови се согласуваат повеќе европски лидери.
Шефот на австриската дипломатија смета и дека Турција не ги исполнила условите за визна либерализација, па бидејќи, според него,  ЕУ нема да ги укине визите за турските граѓани, ќе следи пропаѓање на договорот за беглаците.
Ваквите изјави на Курц се надоврзаа на сличните ставови што претходните денови ги изнесоа австрискиот канцелаер Кристијан Керн и министерот за обрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил.
На ваквите изјави на Керн и Доскоцил, реагираа шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, кој оцени дека Австрија странала „центар на радикалниот расизам“, и министерот за европски прашања Омер Челик, кој австрискиот канцелар го спореди со екстремните десничари.
Поради изјавите на Чавушоглу и Челик, Курц синоќа му врачил протестна нота на турскиот амбасадор во Виена, Хасан Гегис. Договорот со Турција е неодржлив, изјави Курц синоќа во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, додаваји дека ЕУ мора да ги исполни с

Пронајдете не на следниве мрежи: