Многу ви благодарам за денешната покана. Особено ме радува што можам во својство на вашата сестринска партија да бидам вечерва ваш гостин. Особено сме среќни што е Македонија на добар пат кон Европската Унија. Ние сме многу среќни што Македонија е многу важен партнер за нас во Австрија, истакна австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој присуствува на вечерашниот голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Во 2015 година 90 илјади бегалци дојдоа во Австрија, а преку 1 милион ја минаа нашата држава. Без вашата Влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас, рече Курц пред големата маса луѓе на вечерашниот митинг и додаде дека ова е мошне импресивен собир.
Ви посакувам, подвлече Курц, во името на мојата австриска народна партија, многу многу среќа на целата партија и многу енергија во вашата изборна кампања.-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австриј