Куркума – зачин со неверојатни дејства

Овој зачин од азиската кујна го обновува џигерот, ги регенерира раните, штити од рак на простата… Со еден збор, вреден борец против разни болести и заболувања кој што треба да стане дел од вашата секојдневна исхрана!Ги ублажува болките кај артритисот
Куркумата делува позитивно врз воспаленијата и се користи при ублажување на болките од артритис и други ревматични заболувања. Антиоксидансите со кои изобилува куркумата ги уништуваат слободните радикали кои ги оштетуваат ќелиите и ја забавуваат регенерацијата. Истражувањата потврдија дека заболените од артритис кои редовно го консумираат овој зачин имаат помали болки од другите пациенти.
Го контролира дијабетот
Овој зачин го контролира нивото на инсулин во крвта, ја подобрува контролата врз глукозата и го зголемува дејството на лековите против дијабет. Куркумата ја намалува отпорноста на телото на инсулин и со тоа ја спречува појавата на дијабет тип 2. Баш поради тоа им се препорачува на луѓето кои боледуваат од шеќерна болест. Може да предизвика пад на крвниот притисок доколку се комбинира со посилни лекови.
Куркумата штити од рак на простата
Овој зачин од азиската кујна е одлична превенција од рак на простатата. Куркумата го спречува развојот на нови ќелии од туморот и ги уништува веќе постоечките. Нејзините активни состојки го чуваат телото од тумори кои се предизвикани од радијација, од рак на дојка и рак на дебелото црево.
Куркумата штити од Алцхајмер
Позната е како антиоксиданс кој ги штити мозочните ќелии и помага при нивната регенерација, посебно по мозочен удар. Куркумата може да го спречи развојот на Алцхајмеровата болест и да го запре нејзиното напредување со што се спречува акумулацијата на плак во жилите и се овозможува подобар проток на кислород во мозокот.

 
Го намалува ризикот од срцеви заболувања и инфаркт
Куркумата го намалува нивото на холестеролот во крвта, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Исто така, се намалува ризикот од срцев удар кај пациентите кај кои е вграден бајпас.
Природно средство за рани
Овој зачин е природно антисептичко средство и има антибактериско дејство, поради што може да се користи за чистење на рани. Доволно е да се стави малку прав на исеченото или изгорено место и да се отави така. Куркумата се користи и во лечењето на псоријаза и други болести на кожата.
Го јакне имунитетот
Таа содржи липополисахариди кои ја стимулираат работата на имунолошкиот систем. Нејзините антивирусни, антигабични и антибактериски својства ја спречуваат заразата, а со самото тоа и болеста. Куркумата се користи и за лечење на настинки, а доволно е да се помеша само една чаша млеко со една лажичка куркума. Оваа мешавина треба да се пие секој ден, со цел побрзо да се оздрави.
Зачин за слабеење
Куркумата може да биде многу корисна во одржувањето на идеалната телесна тежина. Нејзините активни состојки ја зголемуваат разградбата на маснотиите и го забрзуваат метаболизмот. Се препорачува да се става по една лажичка од овој зачин во секој оброк.Ги ублажува болките кај артритисот
Куркумата делува позитивно врз воспаленијата и се користи при ублажување на болките од

Пронајдете не на следниве мрежи: