Курс за професионална фотографија

Создадете своја визуелна умeтност и изразете се креативноПреку овој курс за фотографија ќе се обидеме да ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во интересни фотографии, да се изразите креативно и да создадете своја визуелна уметност. Курсот е наменет за фотографи аматери, како и за почетници кои сега ги прават првите чекори во фотографијата или пак поискусни кои сакаат да ги усовршат и збогатат своите знаења. Целта е преку теориска и практична работа да научите како да ја цените фотографијата, и како со опремата што ви е на располагање да направите убави и интересни фотографии, Овој курс е за сите оние кои ја доживуваат фотографијата како јазик за изразување на сопствените идеи, ставови, забелешки, визии. Покрај теоретскиот дел курсот опфаќа и многу практична работа со примери, но и фотографирање на различни субјекти во реални ситуации и настани.
Часовите се одржуваат еднаш неделно, најчесто во сабота попладне, траат по 120 минути а целиот курс трае три месеци.  Наставата се одржува во Центар за обука ЕВА, како и во професионално фотографско студио и на терен, во природа.
 
Оние што ќе го посетуваат курсот ќе имаат можност да земат учество во некои проекти и фотографирања во студио и на терен и веднаш да стекнат вредно искуство и можности.
 
Центар за обука ЕВА досега има организирано 6 успешни курсеви по фотографија кои завршиле со изложба на фотографии и проекција на фотографии.
 
Концепт на курсот: – Почетоци на фотографијата (запознавање со различите типови на фотоапарати) – Најинтересни фотографи од историјата, претставници на одредени жанрови – Основна фотографската опрема и вештини за нејзино правилно користење
– Композиција, кадар, светло – Основи на работа со светло во студио и на терен
– Пристапи на кадрирање
– Основи на техники – бленда, експозиција, мерење, колор баланс итн.
– Запознавање со различите типови на фотографија – портрет, пејзаж, макро, концертна фотографија, новинска фотографија, астро фотографија, модна фотографија итн.
 
 Пријавување до 18-ти февруари, почеток на 22-ри февруари. Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.
Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви  02 / 3256  262, 078 / 23  13  23 и нашата e-mail адреса  [email protected] и [email protected]  или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 18:00 часот.
 
Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА  210-067122310140 – Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за фотографија”.
www.tc-eva.com
 
FB Група :  https://www.facebook.com/groups/207146506002420/
FB Страна:  https://www.facebook.com/pages/Training-Center-EVA-Educational-Vocational-Assistance/254339434585021
FB Профил: https://www.facebook.com/profile.php?id=100002642232900
НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌА ЗА КУРСЕВИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ СЕРТИФИКАТИ.
НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА КУРСОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ШМИНКА.Преку овој курс за фотографија ќе се обидеме да ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: