Без донесување на некој заклучок , меѓутоа толку многу се мачевте а самиот не бевте убеден дека всушност ова законско решение треба да го критикувате. Значи баравте на секаков можен начин да се искупите пред македонската јавност зошто ќе гласате денес против, изјави на собраниската говорница, Лилјана Кузмановска.-Многу пати кажавте, ние немаме ништо против ама ставете го на наредна седница. Ниту еден аргумент не видов, зошто ќе гласате против, а не прашувате нас зошто ќе гласаме за овој закон, реплицираше пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Даскаловски од СДСМ за Законот за одбрана кој што треба да овозможи набавка на нова воена опрема за потребите на АРМ.
Таа нагласи дека со овој закон треба да се ослободи од ДДВ и царина новата воена опрема која што ќе придонесе за следење на чекорите за модернизација со останатите армии од регионот.
-Се работи за македонската армија и не мислам тука ни да се надвикувам, ни да се карам, ни да мудрувам, нема потреба. Ние сме пратеници и во оваа дебата ќе ги кажеме сите наѓи аргументи или контра аргументи. Со издвоените парични средства од 92 милиони евра се, со целокупната работа на експертски тимови од 100 лица од август 2014 година до денес е изработен план во кои сегменти е потребно да се набави и да се модернизира македонската армија за да се развива согласно стандардите на НАТО, меѓутоа во чекор со трендовите модернизирање на армиите во регионот. Во овој контекст се нови овој закон во кој ние како Собрание согласно нашите ингеренции ќе гласаме за ослободување од ДДВ и царина за набавка на нова воена опрема, рече Кузмановска.-Многу пати кажавте, ние немаме ништо против ама ставете го на наредна седница. Ниту еден аргумент не видов, зошто ќе гласате против, а не прашуват