Дали знаевте дека маската за коса со обичен квасец е прилично едноставно, но многу ефикасно средство кое прави чуда, дури и со најзапуштената коса? Резултатот од примената на ваквата маска, не само што е висикоквалитетен, туку и траен! Маските од квасец одговараат за сите видови коса, и незаменливи се против опаѓањето на косата.Посебно внимание на овој производ треба да обрнат внимание лицата кои имаат болест поврзана за растот на косата. Исто така, со користењето на оваа маска успешно ќе се ослободите од првутот.
Но, спроведувањето на процедурата за закрепнување на косата мора за биде систематско, а не „од време на време“. Во овој случај, резултатот е брз делотворен и долгорочен. Како превентивна мерка и за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно, во траење од 10- 15 процедури.
Потоа се прави пауза од три месеци и повторно се повторува доколку има потреба. Доколку целта ви е лечење на косата- обнова и зајакнување на структурата на оштетената коса, маската треба да се применува два пати неделно, во преиод од 6-8 недели. По потреба процедурата се повторува по три месеци.
Рецепт за маската од кавасец
Исто така, можете да ја пробате и ОВАА МАСКА ЗА КОСА
Во една супена лажица топло млеко растворете една кафена лажица мед или шеќер, додадете 20 грама свеж квасец. Оставете на топло место да ферментира, 15- 20 минути. Потоа додадете една жолчка. Добро измешајте. Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса. Замотајте ја со кеса и крпа. Оставете да делува 50- 60 минути, а потоа измијте ја косата со вода и малку балзам.
Ваквите маски бараат затоплување за да се создадат оптимални услови за раст на габите од квасецот.мирисот кој ќе го почувствувате за време на делувањето на мсаката ќе исчезне со одмивањето, кога косата потполно ќе се исуши.
Во маската можете да додадете и рицинусуно или маслиново масло, јогурт, но основната состојка квасец,останува иста.Посебно внимание на овој производ треба да обрнат внимание лицата кои имаат болест поврзана за растот на косата. Исто така, со користењето на оваа



