Веќе трета година по ред „Ладна“ го започнува својот детски ликовен конкурс за избор на најдобрите цртежи кои ќе бидат наградени со незаборавно патување во парискиот Дизниленд. Оваа година темата на која децата ќе треба да цртаат е „Животните и водата“. Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007 до 10.05.2010 година.
Стручното жири ќе има за задача да одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, за кои Ladna обезбеди супер награди и тоа 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.
Ликовниот конкурс ќе трае до 10.05.2017, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Животните и водата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и контакт телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.
„Цртањето за децата претставува една од најинтересните активности кои не само што ја предизвикуваат детската фантазија туку и ја развиваат моторичката способност и координација на рацете, што пак е во директна поврзаност со развојот на интелегенцијата. Детето на овој начин ќе научи да размислува логички ќе има подобро помнење, внимание и поврзан говор. Имајќи ги во предвид ваквите предности пред две години Ладна креираше детски ликовен конкурс кој имаше токму за цел да ги поттикне децата на оваа корисна и забавна активност. Среќни сме што оваа година ќе израдуваме две семејства со можноста да отпатуваат во Париз и да поминат незаборавно доживување во најубавиот забавен детски парк како што е Дизниленд.“, изјавија од Ладна.
Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 1.500 детски цртежи кои што беа изложени во мултимедијалниот центар Мала Станица.
Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитате на Facebook страната на Ладна: www.facebook.com/Ladna.mkНатпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од