Ладниот туш го забрзува нашиот метаболизам??

 
Ладниот туш ни носи безбројни погодности на нашиот организам: го забрзува метаболизмот и делува во службата на нашата убавина.
  
Треперењето кое е резултат на ладниот туш наводно делува поволно за вашата коса,кожа па дури влијае и на расположението. Малку од нас го сфаќаат тушот како составен дел од хигиенските навики. Тушот на некои пред се е наједноставниот, но особено ефикасен начин за опуштање.
Кои се предностите на ладниот туш?
Кога е косата во прашање, ладниот туш предизвикува пoголема хидратација со што се спречува пукањето на косата. Исто така,ладната вода ги затвара ладните пори и ги затега крвните садови со што може да се спречи црвенилото и отокот. Ладната вода ја подобрува и циркулацијата бидејќи го тера вашиот организам да се загрее.
Зимското пливање кое е познато во Финска,а значи капење во ледено езеро беше предмет на многу истражувања кои на крајот покажаа дека колку и тоа да звучи чудно, таа пракса делува на поправањето на расположението кај луѓето.
Краткото капење од 2-3 минути во ледена вода може да ги ублажи симптомите на депресија и да ви го подигне нивото на енергија како и вашата генерална состојба. Постоеа индикации за тоа како ладниот туш помага во слабеењето, но за тоа сеуште нема доволно докази кои ја потврдуваат таа теорија.
Најголемата вистина е дека најздраво од се е да се избегнува туширањето со врела вода. Врелата вода само ќе ви донесе краткотрајно добро чувство,но подоцна ќе предизвика груба и сува кожа бидејќи ги остранува сите природни масла кои нашата кожа ги лачи.Тоа може да доведе до различни кожни болести како што се екцем и сл.
ДОБРА ВЕСТ! ТУШИРАЊЕТО СО ЛАДНА ВОДА НЕ МОРА ДА ТРАЕ ДОЛГО.
Тешко е за туширање да одбереме ладна покрај топла или врела вода во која полесно се опуштаме.Меѓутоа,туширањето со ладна вода не мора да трае долго. Најдобро би било последните 10 секунди да пуштите ладна вода како би ги постигнале предностите која таа ви ги нуди.Постепено зголемувајте го времето на туширање со ладна вода и ќе забележите како здравјето и убавината ќе ви се заблагодарат.
  
Треперењето кое е резултат на ладниот туш наводно делува поволно за вашата коса,кожа па дури влијае и на расположението. Малку од на

Пронајдете не на следниве мрежи: