Зоран Заев во предизборната кампања за парламентарните избори ветуваше пласман и достоинствени цени на земјоделските производи. Исто така ветуваше зелена нафта односно нафта со половина цена и нафта која кошта 20 денари за еден литар, пишува Економски.мк. Зоран Заев исто така најавуваше и намалување на севкупните трошоци за земјоделското производство и дека земјоделецот ќе биде помогнат во секој поглед
„При тоа ќе интервенираме со намалување на севкупните трошоци во земјоделското производство. Како намалување на давачките околу препаратите, околу вештачките ѓубрива, околу она што значи репроматеријали за земјоделско производство изјави “Зоран Заев.Исто така Зоран Заев најави и дека ќе воведе зелена нафта за земјоделците која ќе ги намали севкупните трошоци за 50%
Со новиот закон за покачување на акцизата за 3 денари директно се удира на обичниот земјоделец кој егзистира од оваа гранка. Новата влада не ги исполни ветувањата и наместо зелена нафта ја покачи нафтата за скоро 4 денари, а со тоа и производствените трошоци на земјоделците. Понатаму, ова покачување ќе има ефект на покачување на другите производи затоа што голем дел од производството користи нафта како инпут.
Зоран Заев и Николовски ги излажаа граѓаните а исто така и земјоделците кои со мака заработуваат за основна егзистенција. Со оваа мерка голем дел од земјоделците се оставени на цедило од страна на новата влада која не само што не ги намалува цените на нафтата туку напротив ја покачува цената на нафтата а со тоа и ги зголемува цените на другите производи кои пак ќе паднат на товар на граѓаните на Република Македонија.
Зоран Заев исто така најавуваше и намалување на севкупните трошоци за земјоделското производство и дека земјоделецот ќе биде помогнат во секој погл