Lamborghini Aventator за некои луѓе е врвен современ суперавтомобил, додека пак за други е недоволно атрактивен автомобил, со слаби перформанси и превисока цена.
Во секој случај, станува збор за посебен автомобил, кој наскоро би можел да стане уште подобар, поради новата Aventador SV верзија.
Свежите шпијунски фотографии од Avendor SV откриваат агресивен преден дел, нови аеродинамички елементи и многу големи кочници. Приметно е и поголемото задно крило, но сеуште не е познато дали ќе се најде на производниот модел.
Стандардниот Aventador има 710 КС, додека пак SV би можел да има и до 800 КС, заблагодарувајќи се на 6,6 – литарскиот V12 мотор, кој ќе претрпи одредени промени.
Што се однесува до забрзувањето, регуларниот Aventador до 100 км/ч ќе развива за 3,1 секунда, а додека пак SV ќе му треба пола секунда помалку.
На пазарот се очекува да се појави на крајот од 2014 година.