Ламјата од струмичката котлина

За ламјата што била во Струмичката котлина дедо ми ми раскажувал. Струмичката котлина била преполна со вода. Таму си пливале лотки, а горе покрај сувото луѓето си ја чувале стоката.Денеска нема од стоката, утре нема од стоката. Стоката исчезнувала.
Што да прават луѓето? Се одлучиле да идат во шумата да берат прап, така се вели тоа растење. Порано служело за палење на оган. Го товариле на некое магаре. После ја запалиле таа прапта и коа ќе дојде ламјата, ќе го голтне магарето и таа ќе се запали однатре и ламјата ќе се сотре.
Во истиот момент го сториле тоа, ламјата го голтнала магарето и пливала по Струмичката Котлина. Стигнала таму кај Петричко, доле е тесно, колку за една мала река. Таа од тешкотиите, од болките што ги чувстувала од огинот што горел внатре во неа, ја прокопува и тогаш езерото се истекло надолу.
Ова лично сум го слушнал од дедо ми. Таа ламја била некоја која ја ништела стоката. Кога го голтнала магарето горела, а кај Петричко ја испуштила водата.
Извадок од „Народна демонологија на Македонците“ од Танас Вражиновски
 
Во традицијата на македонската народна култура важно место имаат демонските верувања, кои силно се преплетуваат со верувањата на народите од регионот. За овие верувања имаме само фрагментирани знаење. Подоцнежната историска документација, иако доста сиромашна, дозволува на реконструкција на претставите на демонските верувања.
Демоните во однос кон човекот обично се лоши, но исто така се среќаваат и такви кои му излегуваат во пресрет и му помагаат. Нивниот изглед е двојствен: човечки и животински, односно комбиниран: човечко-животински со можност за метаморфоза.Денеска нема од стоката, утре нема од стоката. Стоката исчезнувала.

Пронајдете не на следниве мрежи: