www.sportvision.mk – Ланецот продавници за спортска опрема Sport Vision, го отвори најголемиот продажен салон во Република Македонија!“Истиот се протега на територијата на целата Република, во форма на е-продавница, која за купувачите, уште од првиот ден понуди бројни попусти.”
Скопје (12.01.2015) Ланецот продавници за спортска опрема Sport Vision, на 25.12.2014, го отвори најголемиот продажен салон во Република Македонија! Имено, истиот се протега на територијата на целата Република, во форма на е-продавница, која за купувачите, уште од првиот ден понуди бројни попусти и изненадувања.
„На наше огромно задоволство, Sport Vision Македонија се приклучи на трендот наметнат од Sport Vision продажните места во Регионот, со отворањето на онлајн продавница. Во неа, купувачите ќе можат да пронајдат огромен број артикли, од брендовите по кои Sport Vision e добро познат – Champion, Umbro, Lonsdale, Sergio Tacchini, Ellesse, Slazenger, Dunlop, Carrera и Karrimor, водечките светски брендови Nike, аdidas, Reebok, Converse, Lacoste, Timberland, Colmar и многу други. Она што онлајн продажната мрежа на Sport Vision ја прави посебна е фактот што – сите артикли присутни во 9-те продажни салони низ Републиката, отсега, граѓаните ќе можат да ги најдат на едно место – во нашиот Sport Vision e-store”, изјави Игор Трпковски, Извршен директор на Sport Vision Македонија.
Најновиот виртуелен продажен салон на Sport Vision е едноставен за употреба, и лесно достапен на (www.sportvision.mk). Водени од идејата за полесна достапност на артиклите до граѓаните, како и од желбата за популаризација на овој продажен систем и во Македонија, Sport Vision уште во првите денови од отворањето на продажниот салон, овозможува попусти од 20% на целиот асортиман, во одреден промотивен период.
Несомнено одлична можност за набавка на нови патики. Онлајн. Од најголемиот продажен салон во Република Македонија, кој е достапен од секој дом, компјутер или електронски уред.“Истиот се протега на територијата на целата Република, во форма на е-продавница, која за купувачите, уште од првиот ден понуди бројни попуст