Лани во светот се убиени 70 новинари поради нивната работа, при што минатата 2012 година беше една од најсмртните за новинарите, објави во четвртокот навечер Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists – CPJ) од Њујорк.Бројот убиените новинари 2012 година значително поголем од една година претходно, кога беа убиени 47 новинари, а Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк уште истражува дали загинувањата на 31 новинар во 2012 година директно се поврзани со новинарската работа.Загрижува податокот според кој минатата година во светот биле затворени и рекорден број новинари. Поради обвинувања за тероризам и други антидржавни закани минатата година се затворени 232 новинари, најмногу од 1990 година кога оваа организација за заштита на новинарите почна да ги објавува своите извештаи.Комитетот во годишниот извештај за нападите врз новинарите, објавен на неговата интернет страница во четвртокот навечер, го наведе и списокот од десет најризични земји во коишто новинарите и слободите на медиумите се најмногу загрозени.Покрај Сирија мината година најсмртоносната земја за новинарите, листата ја опфаќа и Русија во која според овој комитет на сила се репресивни мерки, Бразил во кој се зголемил бројот на убиствата на новинарите, Етиопија којашто со закони се обидува да ги замолчи медиумите и Турција која е водечка земја по бројот затворени новинари.По Сирија каде што се убиени,во 2012 година 28 новинари, следуваат Сомалија со 12, Пакистан со седум и Бразил со четворица убиени новинари.Репресивните закони насочени на замолчување на новинарите се спроведуваат во Еквадор и во Турција, додека во Етиопија, Виетнам, Иран и Сирија многу новинари се затворени под обвинение, дека претставуваат антидржавна закана, за да се спречи нивното критичко известување.Во Русија, каде што според њујоршкиот комитет има 16 нерешени случаи на убиство на новинари во последната деценија, ситуацијата на медиумите била влоѓшена поради криминализирање на клеветата, како што се забележува, по враќањето на Владимир Путин на претседателската функција минатата година.Турција, како и во претходните извештаи на Меѓународниот институт за медиуми (International press institute – IPI), Репортери без граници (Reporters sans frontières – RSF), станала најголемиот затвор за новинарите во светот, и според CPJПовеќето од 49-те новинари кои минатата година завршиле во турските затвори биле курдски новинари, обвинети за поддржување тероризам, како и за ставови и активности на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).Следува Иран со 45 затворени уредници и новинари во текот на 2012 година кои во затворите биле изложени на тешки услови, вклучувајќи и престој во самици, тортура и скратување на медицинската нега.Комитетот од 1992 година досега регистрирал 971 смртни случаи на новинари кои директно се поврзуваат со нивната професија. Во 40 отсто од случаите, причини за убиствата на новинарите се од политички карактер, во 35 отсто станувало збор за воени услови, а во 20 отсто за прашања поврзани со корупцијата, покажуваат податоците на CPJ кој од 1992 година почна да води подетална евиденција за секој убиен новинар во светот.На листата од 20 најсмртоносни земји за новинарите на прво место е Ирак во кој од 199 2година се убиени 151 новинар.Разгледувајќи по години, најмногу новинари – 74 биле убиени во 2009-та, а следат минатата 2012-та и 2007 година кога се убиени по 70 работници на медиумите.
МакфаксЛани во светот се убиени 70 новинари поради нивната рабо