Лансирањето трае само 5 секунди: Еве со ШТО Русите ги чекаат Турците ако влезат во Сирија!

Во руската авио-база, овие комплекси се појавија веднаш откако турските ловци го соборија рускиот авион СУ-24. Ракетните комплекси земја-воздух се пренесени во Латакија во рок од 24 часа.Тие за прв пат се ангажирани за борбено дежурство во странство. Како што пренесуваат војниците, С-400 редовно пресретнува „сомнителни“ објекти во воздухот. Откако ќе сфатат дека ги следи руски систем, тие го менуваат правецот и летаат назад.
Во антитерористичка операција во Сирија, на молба на Дамаск учествуваат руските Воено-вселенски сили. Секојдневно се изведуваат борбени полетувања, а Министерството за одбрана на Русија детално ја информаира јавноста за сите погодени цели.
Апсолутна контрола на сириското небо. Ракетниот комплекс земја-воздух С-400, во текот на целиот ден е на борбено дежурство во авио-базата Хмејмим. Борбената подготвеност на С-400 се обезбедува за пет минути. За тоа време, борбената единица на ракетниот комплекс оспособува уреди за лансирање, радари и пунктови за управување. Денес, тоа е најсовремениот систем со висока прецизност кој нема пандан во светот.
Лансирањето трае пет секунди. Еден ваков уред го обезбедува небото во пречник од најмалку 400 километри. Радарите можат да следат до 300 потенцијални мети и да уништат 36 објекти истовремено.
С-400 го брани сириското небо од земјата, а од морето воздушниот простор го контролира крстосувачот „Москва“ на чија палуба е поставен системот „форт“. На овој начин, руските авиони на небото се заштитени на целата територија на Сирија.
Од почетокот на воздушната операција дежура и комплексот за близок домет „панцир-С“, чија основна задача е заштита на С-400 и објектите во авио-базата Хмејмим. Неговиот домет е нешто повеќе од 20 километри, а целта може да ја открие уште при полетувањето во пречник од 50 километри.
Во зависност од задачата, овој систем може да уништи цел за седум секунди. Наоружувањето на овој систем го сочинуваат 12 наведувачки ракети и 30-милиметарски топови.
„Панцир-С“ може да открие повеќе од 20 цели, а уредот може да уништи 10 објекти истовремено.
Тие за прв пат се ангажирани за борбено дежурство во странство. Како што пренесуваат војниците, С-400 редовно пресретнува „сомнителни“

Пронајдете не на следниве мрежи: