На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија,каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, зборуваше за поднесениот амандман од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува на изградба на ТИРЗ-зоната на територијата на општина Гостивар.-Сметам дека политиката која ја водеше ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите коалициони партнери во изминатиот период, околу отворање на колку што е можно поголем број индустриски развојни зони, односно поголем број на фабрики во сите делови на државата е политика која што треба да продолжи во наредниот период, истакна Лашкоска.
-Амандманот бидејќи го одби заменик министерот, претпоставувам дека ќе биде одбиен и од мнозинството во комисијата и за жал тука се гледа политиката која што сегашнава влада, највероватно ќе продолжи да ја практикува во наредниот период,потенцираше Лашкоска.
-Имено со ребалансот на буџетот Владата крати 45 милиони денари за технолошко индустриските развојни зони,рече Лашкоска.
-Сметам дека политиката која ја водеше ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите коалициони партнери во изминатиот период, околу отворање на колку што е можно п