Очигледна е нервозата во редовите на СДСМ. Тие молчат и не се откажуваат од Тиранската Платформа, но револтот на граѓаните секојдневно расте заради загриженоста од губењето на државата, вели Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.Токму затоа СДСМ држи празни прес конференции со цел на јавноста да и го одвлече вниманието со наводен план за живот, кој после изборите се претвори во план за разнебитување на Македонија.
Апсурдни се темите со кои СДСМ сака да ја дефокусира јавноста.
СДСМ говори за работнички права, а во нивно време се затворија 684 фабрики и на улица оставија над 200.000 работници. Од нив повеќе од половина беа жени. Каде беше СДСМ тогаш да се грижи за работничките и нивните семејства кои ги оставија без егзистенција и без никакво здравствено осигурување за своите деца. Дополнително во време на СДСМ континуирано се кратеа работничките права, особено на жените, а социјален дијалог владата предводена од СДСМ ни на крај памет не и паѓаше да направи. Магдалена Несторовска е презафатена со функциите и во Министерството за одбрана и во Општина Карпош за да ја согледа реалноста и мора да си ги одработи парите со пласирање на лажни вести и лицемерие.
Ако Несторовска и СДСМ сакаат да зборуваме за грижа за работничките права, особено на жените, тогаш треба да погледнат што се има во таа насока реализирано владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Неплатено родителско отсуство. Во декември 2013-та година се овозможи работничките да има право и на неплатено родителско отсуство за грижа на детето.
Овозможивме со измени на Законот за работните односи во март 2015-та година на работничка на која и престанал договорот за вработување на определено време и започнала со користење на надоместок на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и родителство, истото да продолжи да го користи и по истекот на договорот, а сето тоа на товар на Фондот за здравствено осигурување.
Зголемување на времетраење на периодот на платено отсуство од работа од 1 година на 15 месеци за работничка која родила повеќе деца оддеднаш. Ова се овозможи од мај 2015-та година преку измени и дополнувања на Законот за работни односи.
Се донесе Закон за заштита од вознемирување на работно место, а се зајакна улогата на Еконономско социјалниот совет како трипартитно тело за промовирање на колективното договорање и социјалниот дијалог. Донесени се 20 Правилници за Безбедност и здравје при работа за обезбедување заштита на работното место и здравјето на работниците.
Како резултат на успешен социјален дијалог направени се повеќе измени и дополнувања во Законот за работните односи и останати закони од областа на трудот, со кои се унапредени правата на работниците согласно директивите на Европската Унија и конвенциите на Меѓународната организација на трудот.
На крајот на краиштата грижата за работниците најдобро се гледа и во делот на висината на платата која ја земаат. Во 2016-та просечна нето во производство на текстил е 15.356 денари, во производството на облека е 12.695 денари, а во производството на кожа и слични производи од кожа е 11.571 денар. Во време на СДСМ не постоеше минимална плата. Минималната плата во 2012-та година за првпат беше воведена и истата има континуиран раст и во моментот изнесува 10.080 денари.
Ова е само еден дел на мерките и проектите кои се спроведени изминатите 10 години со цел унапредување на работничките права. Недозволиво е политичарите од СДСМ да ги манипулираат работниците преку паушални и непроверени ветувања.Токму затоа СДСМ држи празни прес конференции со цел на јавноста да и го одвлече вниманието со наводен план за живот, кој после изборите се претвор