Латас: Дојде времето на одмазда за продаденото име, знаме и грабежите!

Дојдено е времето на одмазда за продаденото знаме, продаденото име Македонија, за грабежите и отпуштања од работа, загубениот мир, углед и здравје…На Барикади! Земи го знамето на своите дедовци, осети го гневот и понижувањето на своите стечајни родители; допри го стравот на Македонците од Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Скопје, Арачиново; објасни му на твојот јазик на своето дете дека нема да се срами од тебе, нема да се сели протерано од сопствен дом и своја земја… и право напред – на барикадите! Чекањето и двоумењето не доведе до тука. Сега е твоето време.
Како и некогаш, кога ни го продадоа името и знамето, кога родителите ни ги бркаа од работа, кога од Косово ни го наметнуваа федералниот устав… ќе гледаме платени да не збунат и двоумат, СЈО да не плаши и СДСМ да не лаже… но, сега после се знаеме што е тоа.
Никој друг нема тоа да го направи за тебе. Под едно знаме сме, македонско, пишува Латас во последната колумна „Барикади“.На Барикади! Земи го знамето на своите дедовци, осети го гневот и понижувањето на своите стечајни родители; допри го стравот на Македонците од Тето

Пронајдете не на следниве мрежи: