Колумната на Латас за СЈО ја пренесуваме во целостСЈО е главна опасност за телевизиите. Како почнаа, ќе пропаднат парите дадени за секое реалити шоу што е купено и најавено. Гледаноста на телевизиите ќе биде бунар бидејќи СЈО и Катица ја загрозуваат популарноста на Големиот брат, Фарма, Парови… ги дигаат стандардите на шокови и бљувотини до ниво после кое секој настап на СЈО и Катица ќе мора се емитува по 23 часот, со назнака дека е само за постари од 18 години. Мислев дека од Заев, кој е лапсус мајстор на деценијата, Шекеринска, која има повеќе безлични фрази отколку Прада ташни и Шилегов, кој е жртва на реклами за алкохол, нема бетер, но демантиран сум од Катица Јанева. И од СЈО.
Боже, што се може да истрпи Македонија. Чудо едно. Да одиме по ред. Прво, кога ја избраа Катица Јанева за главна специјална, противкандидатот во ликот и делото на професор Гордан Калајџиев ја исплука како никој друг, иако кандидати за најплукач на Катица оттогаш наваму има многу. Но, врв на себеплукање Калајџиев доживеа кога прифати Катица да го плаќа двесте евра месечно, а тој да ја фали кај ќе стигне. Се посипа Калајџиев со сопствените плуканици за двесте евра месечно. Ебате и професорот, и плејмекерот на СДСМ. Веќе тука Катица покажа дека етика и морал не и се јака страна. За стручноста, како уште послаба страна, веќе се произнесоа од Советот на обвинители, професорите од Правен факултет како Калајџиев, Тања Каракамишева, Климовски, Ванковска… и јас ништо не би додал и одзел. Особено затоа што некои од овие професорски имиња се од истиот, опозициски камп, на кој и самата Катица и СЈО им припаѓаат. И веќе тука се констатирани првите здравствени проблеми на Катица. Имено, стручен конзилиум утврдил дека Заев и е во срцето и и ја блокира главна срцева комора, па кога Црпнатиот е во криза, скока и урла наоколу, се заглавува протокот и Катица страда.
А пошто сите ние, преку нашите телефонски разговори, сме во рацете на Заев и Катица, кога они страдаат – патиме сите ние. Убаво му кажа Катица на Антонио Милошовски во Собрание: нема потреба да те слушам од говорница, те слушам доволно во твоите телефонски разговори и знам кој си и што си. Можеби некој свилен овдешен ќе помисли дека е тоа закана и злоупотреба на службена положба од страна на Катица, но тоа беа оние денови кога Заев силно рипаше и врескаше во нејзиното срце, а болест е алиби за секое дело. Катица го знае тоа. Среќа што Катица не е гинеколог, па да им ги извади досиејата на сите.
Петре Шилегов не го забележал овој инцидент, бил во бифето, таму се пие најевтино. А на пијан човек никој кусур не треба да му фаќа, нели. Единствено не ми е јасно на кого мислел кога потоа, се врати од бифето, и без задршка влегувајќи во собраниската сала праша: што е бе, пички! Во таа фаза на пијанство нормално е да гледаш насекаде околу себе бели глувци, но Петре Шилегов дружи со сомнителни ликови, и можна е визуелна трансформација од бели глувци во пички, во такви услови. Најпосле, човекот си има мака, па и да пие. Има три стана и куќа, плус возен парк од скоро 200.000 евра, а заработуваат со жена му едвај 1.500 евра месечно.Само за бензин, парно и ракија во бифе не му стасува. Плус, се пофали дека има два ајфони кои заедно вредат 2.500 евра. Два месеца ни јадел ни пиел за нив.
Да се вратиме на Катица.
Само што стапи на функција, одма определи каде се гледа себеси. Изјави дека нејзините колеги од Советот на обвинители се неписмени. Уставниот суд дека е ненадлежен да решава за неа. Собранието, владата и претседателот се нелегитимни, што нели таа го утврдила со преслушување на телефонските разговори. Слушнала дека гласачките ливчиња на кои некои допишувале Заев е лопов! не биле пресметувани како гласачки ливчиња во полза на СДСМ. Да биле пресметани и тие, СДСМ ќе добиел уште најмалку 100.000 гласови, или 84 пратеници. Според квантната математика на Заев, секако. Заев има математика во која има само делење – едно таму, едно кај Вицето. Втората операција, собирање, му ја препушта на Вице. Откако Катица го поништи целиот државен систем, од судски преку извршен па се до парламентарен го помножи со нула, се фрли на работа. Со Ленче убавата и Фатиме Адамс прошетаа по бутици и фризери и видоа која благодат е да бидеш власт. Онаму каде што пропуштија им помогна Шекеринска. Сепак, во Гевгелија, Боговиње и Тетово не стасале, на оригиналите се мисли “Прада”, “Шанел” или “Ланвин”. Затоа, Рада зела терет на себе да им објасни како со пратеничка плата се стасува да се купи се што има во моден каталог, од првата страница до задната корица на каталогот. Дружењето со Рада и беше есенцијална помош на Катица како при два стана да стане бездомник, а потоа и корисник на државна кирија.
Оној трик со нивата и смоквите одгледувани за себе на државно земјиште е нејзин оригинал, придонес кон македонската современа политичка мисла, судско обвинителска пракса и смисол за егзистенција. Финале на влезот во селебрити за Катица и нејзините Ленче и Фатимем е кога од пар амбасади нивните телефонски броеви ги ставиле во групата на свои омилени. Остана уште од антикорупциска да ни објаснат кои две обвинителки, некако случајно баш во време кога ги добиле функциите во СЈО, одеднаш успеале да ги решат своите станбени прашања. Едната со купување стан во Карпош, а другата со градење куќа. Па можеби и кој потпишал да му се префрлат 100.000 денари, како роденденски поклон, на еден млад и згоден момак, кој извршува сложени задачи возач и бодигард. Така збори народ по телефон, а за Катица и СЈО телефон е главен доказ. Има милион причини зошто Катица и СЈО така вулгарно и дрско одбиваат да дадат отчет пред Собранието каде и како потрошиле милион евра. Не се само роденденските поклони, скапите комплетчиња и секојдневниот фризерај причина за тоа.
А СЈО има законска обврска да даде отчет за потрошените пари, како и секоја друга институција што ја има таа обврска. Замислете некој осомничен или обвинет од СЈО, на прашање да даде објаснување за пари кои ги заработува или троши, да одговори – е не ви кажувам. Или, кога ќе го викнат на сослушување да им порача идниот месец не можам затоа што спремам свадба за ќерката… како што Катица кажа, а после се жали дека времето за истражување на предметите и било малку. Но, времето не е нејзин проблем, ниту на СЈО.
Они најважното го завршија – ги поништуваат криминалите на Заев и Верушевски, и води пропаганда за потреби на СДСМ пред избори. За тоа во СЈО имаат време колку што им треба. Но, и покрај се, на Заев, СДСМ и СЈО не им оди, затоа се најавуваат нови движења на нивните шарени бригади. Оние што урлаат, тепаат, кршат и фарбаат туѓ имот. СДСМ веќе не е партија, тоа е центар за политичко здомување на улични активисти, припадници на шарените бригади. Заев повремено шета со шарените низ улици, а они не знаат дека Заев уствари бара локација да изгради Глобал и во Скопје. Ако не те фатиле еднаш, зошто да не пробаш повторно. Заев има обврска шарените да ги направи свои пратеници, а партијата да ја остави да јаде од она што ќе остане откако шарените ќе се подмират. Можеби затоа деновиве најавува, со писмо до дипломатите, дека нема услови за избори на 11 декември. Треба време за да се прошири парламентот од 120 на 250 пратеници, за сите шарени соросоиди да влезат во Собранието. Платата е добра, а работа нема многу. Плус, и пиењето е евтино, што Шилегов може да им го потврди лично. Ќе ги гледаме шарените повторно, предизборно нели, како ловат покемони низ скопските улици и сонуваат за пратеничка плата. Што е стандарден граѓански став. И друштвото е граѓанско, отмено, карактерно, чесно и стручно: Зоран Заев, Шекеринска, Љубе Бошковски, Тито Петковски, Зоран Верушевски, Катица Јанева, Стево Пендаровски, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов… дримтим. Победници на векот. Па, до победата има само уште малку. Шарените ќе кршат и уништуваат, Заев на оваа возраст ќе прави сунет и ќе учи албански за да им ги земе функциите на Ахмети и Тачи, да биде поголем Албанец од Албанците, следен од поштениот Албанец Мухи Зекири, реинкарниран Рахман Морина на нашето време. А СЈО ќе гони се што му стои на Заев и на наведеното друштво на патот до победата. Само молам Фатиме Фетаи, во иднина, на пресконференциите освен на албански да збори и на српски. Како ќерка на мајка Србинка не треба да заборави кој ја родил.СЈО е главна опасност за телевизиите. Како почнаа, ќе пропаднат парите дадени за секое реалити шоу што е купено и најавено. Гледаноста на телевизии