Затоа претседателот Ѓорѓи Иванов не му дава на Заев мандат за премиер. Затоа што е дел од нарко подземје, албанска емиграција која планира Илирида во Македонија, затоа што никој на избори не гласал за таа тиранска платформа… сево ова не е наша шпекулација туку јавно, многу пати кажано и покажано од самите нив. Од заверениците на Тирана, пишува во својата нова колумна новинарот Драган Павловиќ- Латас.-Затоа што Ѓорѓи Иванов не е претседател наметнат од меѓународната заедница и нарко дилери, туку таму го избрал народ. Со повеќе гласови од било која партија. Затоа, политиката на оние кои протестираат и нас кои ги поддржуваме е јасна:
– Браниме Устав. Само претседателот според уставот може да даде мандат за влада, а собранието за влада може да гласа само откако тој ќе ги извести кој го има мандатот.
– Браниме Собрание: никој, а особено не СДСМ, неможе на сила да оневозможи пратеник да зборува во собранието само затоа што на нив им се брза да се раздолжат со албанската емиграција и нарко дилерите, и со соросоидите кои инвестирале во нив.
– Браниме Демократија и право на избор: никој на избори не понудил да се гласа за федерална Македонија, двојазичност, ослободување убијци само затоа што се Албанци, за сами себе да се прогласиме за геноциден народ, за менување на уставното име, знаме и химна преку ноќ и создавање параиниституции како СЈО и разни пленуми…
Никој, никогаш не гласал за ова. Никој не добил поддршка и дозвола да го спроведе сето што се наметнува со платформата од Тирана и од меѓународната заедница.
Затоа деновиве претседателот Ѓорѓи Иванов потврди: нема мандат за Заев и тиранска влада. Ќе имавме нормална влада, таа беше и веќе договорена меѓу победникот на избори ВМРО ДПМНЕ и ДУИ но, еден амбасадорски повик го запре тоа… рече Иванов.
Затоа, и заради многу слични нешта, се брани Уставот, Собранието и Демократијата.
Затоа што секое бегање од реалноста има крај, особено кога ќе ве дотераат до ѕид.-Затоа што Ѓорѓи Иванов не е претседател наметнат од меѓународната заедница и нарко дилери, туку таму го избрал народ. Со повеќе гласови од било ко