Латас: Јанева не работи во канцеларија, има јавна функција и има обврска да даде отчет без однапред да и се дадат прашањата

Ни оние кои стојат зад Катица Јанева не веруваат во неа, изјави долгогодишниот новинар и уредник Драган Павловиќ Латас во Отвореното студио на ТВ Нова, на тема „Контроверзното интервју на Катица Јанева“.-Во Македонија досега не сме виделе такво интервју, во смисла дека ни во Европа нема такви, своевремено имаше во Русија и Србија и еве сега видовме кај нас. Секој јавен функционер има обврска за своите јавни настапи. Особено кога се работи за носител на судска власт, кој излегол од правен факултет, каде дел од програмата е реториката, вели Латас.
Тој ја искритикува и уредувачката политика на јавниот сервис, сметајќи дека е страшен концептот да биде повикан гостин, кому ќе му бидат дадени прашања и одговори што не знае ни да ги прочита.
-Со оглед на тоа што однапред и ги дале прашањата и притоа и ги одговориле, тоа значи дека ни тие не веруваат во неа. И оние коишто стојат зад Катица не и веруваат. Не ја оставија да го каже она што има таа да го каже. И оние што ја донеле на тоа интервју не и веруваат. Не смее јавен функционер да зависи од партиски уредник. Да падне на ниво да си дозволи да биде играчка во рацете на една партија која си ја носи на телевизија. Ние за Јанева плаќаме повеќе од 50.000 годишно од нашите плати, истакна Латас.
 
Специјалната јавна обвинителка влезе во конфликт со сите институции, заклучи Латас.
-Јанева вели дека ја опструираат медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нејзините први изјави беше дека собранието е нелегитимно, што е изјава што покажува дека таа е над власта, над државата. Зошто е нелегитимно? Затоа што слушала разговори и се местело за време на избори? Телефонските разговори не се доказ. Јанева не признава собрание, премиер, според неа ОЈО се нестручни, Совет на Обвинители е нестручен, полицијата е нестручна, медиумите, последно најавува хајка дека ќе имало акции за нелегално финансирање на медиуми. Јанева направи конфликт со сите институции освен со СДСМ, смета Латас.
Долгогодишниот новинар и професор за односи со јавност зборуваше и за имиџот на обвинителката, истакнувајќи дека истиот го уништила опозицијата.
-Кој го уништи имиџот на СЈО? Ако во СЈО дојдеше човек „планина“ никој немаше да има што да каже. Наместо да е така, на оваа позиција доаѓа човек што не го работел тоа. Што прави СДСМ? Ја присвојува како партиски играч. Вели дека и дал задачи. Заев бара да се гонат медиуми, таа најавува гонење новинари. СДСМ се појави со маици СЈО, Катица не се огради од тоа и со тоа стана нивен играч, истакна Латас и додаде дека со тоа што во Собрание и шепотат што да каже, а два дена претходно некој и дава одговори за интервју, граѓаните добиваат порака дека таа не знае и не може да се справи со своите обврски.
 
Оние кои и ги дале прашањата за интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанеца ја потцениле и тоа значи дека таа нема свој став, коментира Латас.
-Потценувачки е некому да му се дадат прашањата. Значи дека тој нема свој став. Јас никому не сум му дал прашања. Работата на Катица Јанева е јавна функција, таа не работи во канцеларија и има обврска да даде отчет, смета Латас.
За да ги поткрепи своите аргумени, тој сликовито направи споредба меѓу два настапи – оној на јавниот обвинител и оној на Јанева.
-Ќе споредиме два настапа. Зврлевски доаѓа на опозициска телевизија што не му е наклонета. Тој дава одговори. Од другата страна е СЈО кое да потсетиме не е избрано со конкурс, туку со политичка одлука. Разликата е огромна. Обврска на Јанева е да ја убеди јавноста дека има авторитет и интегритет. До неа излегуваат две девојки, и двете убави, постојано се со нови фризури – тоа е имиџ, гледаме скапи одела, но уште не видовме ниту еден правен процес. Денеска кривичниот суд одби дел од доказите на СЈО зашто не биле комплетни што е „шамар“, истакна Латас.
Тој додаде дека се спаѓа во обврските на јавен функционер.
-Како ќе ме убеди да верувам дека е кадар?  Не е пресудата мерило, пресудата следи за две – три години. Овие две – три години треба да добиеме препорака, како општеството ќе реагира на СЈО, какви последици ќе остави? СЈО не е трајна институција, избрана е со мандат од 4 години. Она што Катица го покажува прв го спомена професорот Калајџиев. Тој го кажа она што денес го говорат други. Јас прв се спротивставив дека зборува пред рака, но човекот бил во право. Вчера ја читам Ванковска. Таа вели –  не може правник да се занимава со право ако не знае да зборува. Тоа не е мал проблем, анализира Латас.-Во Македонија досега не сме виделе такво интервју, во смисла дека ни во Европа нема такви, своевремено имаше во Русија и Србија и еве сега видовме

Пронајдете не на следниве мрежи: