Катица е ситен играч. Тамаќар што би рекле скопјани, пишува Драган Павловиќ- Латас во неговата колумна под наслов Мортиша.-Прво што и паднало на памет е да прави комбинации како да ќари мимо ред и пропис 500 евра од државата да и плаќа кирија додека е во Скопје. Има два стана кои брзопотезно ги префрла на име на децата за да биде бездомна, и да ја земе киријата од државата. Што да ти кажам, мизерија. Или можеби имала план да се смести во еден од становите на Радмила Шеќеринска која, истите, ги издава за кирија од 5.000 евра месечно, па да има благодет и фајде за двете, пишува Латас.
Катица, вели Латас, не губела време па му направила договори тезга на синот.
-Детето прима 3.000 евра од скандинавска невладина организација да ги брои бегалците на граница. Прилично сложена работа за така висока плата, плус за дете кое е почетник. За цело време, додека ги бркала парите, становите, кириите, тезгите за синот, бирала нови фризури и асамблеа Катица немала време за работа. А и не морала. Работата за неа ја вршеле од СДСМ, соросоидите и нивните инострани партнери. Таа треба само да ги соопшти на прес-конференции.
Според Латас, Јанева не се снаоѓа ниту на прес-конференциите.
-Се кези и понаша како старосватица на туѓа свадба. За да го елиминираат тој блам, почнаа да и пишуваат соопштенија кои таа ги потпишува. И тоа не го бидна. Жената има потреба да си каже. Па така на нејзиниот Фејсбук во секоја прилика ја оплескува институцијата која ја води. Отиде до таму што повикуваше на протести против еврокомесарот Хан. Субјективен бил. Плус, според нејзините соросоиди, примил пет милиони евра од ВМРО за да им ја држи страната.Чудно е што Катица и СЈО не подигнаа случај и бараа обвинение и притвор и за еврокомесарот Хан. Пет милиони евра мито не е играчка. Иако е многу помалку од осумте милиони евра кои ги проневерил Заев за Глобал, па е амнестиран. Колку и да ја кријат од јавноста, да ја пеглаат и дополнуваат, архитектите на проектот за спас на Заев и бандата му за Катица и него не можат да најдат решение. Се работи за интелектуални и стручни лимити и карактерни нестабилности. Генетика, стои во колумната на Латас.-Прво што и паднало на памет е да прави комбинации како да ќари мимо ред и пропис 500 евра од државата да и плаќа кирија додека е во Скопје. Има дв