Остварливи се 63 пратеници, по моја проценка вели Драган Павловиќ Латас во гостувањето кај Јанко Илковски-По моја проценка може. Јас сум грешел можеби 1-2 пратеника горе-доле до сега но сум земал податоци од легалниве агенции. Тоа не е моја анализа. ВМРО без посебен македонски отпор кон плановите на Зоран Заев може да освои помеѓу 55 и 60 пратеници, а Заев да дојде до 40. 41 преку сила. Ако се земе во предвид дека тој вети двојазичност и кантонизација од која не може да се повлече бидејќи Албанците ќе го убијат на улица и ако со нивни гласови добие пратеници и им каже се шегувам. Во таков случај ако Македонецот сфати дека заокружувањето на Заев значи протерување на Македонци од Струга, Кичево, Дебар, Тетово, Гостивар, Арачиново, Липково и цел тој крај па и од скопски општини, тогаш 3 пратеника фалат, 3 до 4, вели Латас.
Ако СДСМ и вака и така губи, појаснува Латас, зошто ти како граѓанин кој не е дел од тврдиот партиски корпус. Најголем дел од нас не должиме да гласаме за некого, тогаш зошто ти би го ризикувам Македонецот во северозападна Македонија кој ќе отиде во туѓ кантони туѓа држава, прашува Латас.
-Затоа на овие гласај за ВМРО, на идните пак гласај ако сакаш за СДСМ, кога ќе дојде друг. Ама сега имаш чест во понеделник сабајле да речеш: Јас учествувам во спасување на Македонија и душата ми е мирна. Јас ова го кажувам со 55 години возраст. Јас сум бил на Косово, од понеделник може да имаме Косово. Иста е шемата исти се режисерите, исто е се. Кај се Србите на Косово? Кај се Ромите на Косово? Кај се Турците на Косово? Кај се Хрватите на Косово? Ги нема! Кај се Македонците во северозападна Македонија се помалку, објаснува Латас.-По моја проценка може. Јас сум грешел можеби 1-2 пратеника горе-доле до сега но сум земал податоци од легалниве агенции. Тоа не е моја анализа. ВМ