ВМРО-ДПМНЕ е, несомнено, партија која го обезбедува македонскиот национален идентитет и државната стабилност, тоа е барем десетина пати за овие две децении потврдено, и не е предмет на сомневање или спорење, пишува уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас во најновата колумна.-Се гради паралелен систем во државата. Сорсоидите се замена за невладин сектор, кадровска база за контрола врз медиуми, универзитети, средни училишта, судства и обвинителства. Брз квалификации, од никого избрани, без одговорност. Затоа е измислена Катица Јанева и СЈО, и самата надвор од Устав – треба да апси, понижува, разбива државен систем, урива фирми и медиуми… да создаде хаос по кој обичен човек ќе заклучи: нека биде било што, само ова да престане. А за да престане, ако и се дозволи секако, тоа било што – е траен хаос и исчезнување на сешто денес претставува стабилност, национален идентитет и прогрес, пишува Латас.
Тој додава дека ско Катица специјалната успее, кој политичар во иднина ќе биде заинтересиран да се посвети себе на нови работни места, поголеми плати и пензии, градење школи и патишта, нови болници, чување на етнички односи и баланс… никој.
Доволно ќе биде да одработи за „чадорот“ и рекетарите од Косово, и власта му е загарантирана. А на нас гарантирани ни се деновите од темната транзиција.
Затоа, вреди да се бориме против оваа закана. И да победиме.
Гледам, деновиве некои колеги кои веруваат дека се новинари иако немаат читатели и гледачи, ја поттикнуваат Катица специјалната да апси се што им стои на патот, и секого што е доказ за нивната инфериорност. Професионална и интелектуална.
Тоа е онаа збирштина што со децении е плаќана од странски пари да одработува за потреби на „чадорот“. По пола милион долари за сајт, или по 60.000 евра за емисија која никогаш никаде не е емитувана. Платени се да завршат други работи, вели Латас во колумната.-Се гради паралелен систем во државата. Сорсоидите се замена за невладин сектор, кадровска база за контрола врз медиуми, универзитети, средни учили