Латас: Заев е избран и пратен да урне држава

Сѐ почна, барем видливиот дел од акцијата, со уцена на локален кримоген олигарх од Струмица, донесен преку ред и без капацитет за шеф на опозициска партија, кој оди кај легално избран премиер и го уценува: имам ваши приватни телефонски разговори, или дајте оставка или ќе ги објавам. Видовме снимка како уценува газди на големи фирми, по истиот модел. Сега го избрале и пратиле да урне држава. За возврат, ќе добие нова амнестија. И, сосема логично, уцената е одбиена.Требаше Заев да биде уапсен уште истиот ден. Да се запленат незаконски стекнатите разговори, и да го изнесат пред суд. Да објасни од каде добил толку снимки, колку што Македонија нема од 1945-та до денес. Да објасни која е природата на неговите контакти со некои амбасадори, со италијанскиот за почеток. Да дознаеме и кои биле контактите на Верушевски во Италија, додека бил функционер за безбедност во нашата амбасада во Рим.
Но, тоа не се случи.
Кога соросоидите почнаа насилства пред владата и собранието, доаѓање на дежурните пропагандисти од глобалните медиуми од типот на Ал Џезаира, плус влез на косовски терористи во Куманово… беше веќе јасно дека работата е спремана од надвор. Беше тајна само причината. Да сакаа странците да ја соборат владата на Груевски, уште во март – април ќе го направеа тоа. Но, не. Разликата, доминацијата на Груевски над СДСМ кај Македонците е толку голема што со тоа би се предизвикал силен негативен ефект, немири и тензии кои без сомневање би завршиле како етнички, и регионални. Треба, за почеток, ВМРО да се ослаби до крајни граници. А потоа…
На нив се уште им треба владата на Груевски, како изворно доминантна во јавноста, но им треба и СДСМ посилен од сега, за да биде менаџер на кризата и извршител на уривањето.
И тогаш, и сега, сметам дека требаше ВМРО-ДПМНЕ да го напушти Собранието, да се гласа за предвремени избори веднаш, и да се излезе на улица. Без подоцнежните малтретирања со преговори, специјални обвинители, тивката втора амнестија на олигархот Заев. Јавно да се каже што е целта на превратот и кој стои зад тоа, и да се бара поддршка од Македонците за избори – веднаш, и победа – сега.
Драган Павловиќ Латас во колумната „Црвено“Требаше Заев да биде уапсен уште истиот ден. Да се запленат незаконски стекнатите разговори, и да го изнесат пред суд. Да објасни од каде добил тол

Пронајдете не на следниве мрежи: