Лаванда, лимон… Каково влијание имаат природните мириси врз нашето расположение

Добро знаеме дека мирисите ги оживуваат спомените. Веројатно сте го доживеале тоа кога некаде сте налетале на мирис на јаболко и цимет и се сетивте на Божиќ кај баба ви па повторно се почувствувавте како дете… И да, веројатно сте се увериле и во моќта на мирисот бидејќи не само дека го поднесувате туку и го сакате мирисот  на вашето момче кога ќе се врати испотен од теретана. Мирисите имаат неверојатно влијание на нашите емоции, ум и тело. Сега кога тоа го знаете, зошто да не ја искористите моќта на мирисите.Докажано е дека некои мириси можат да го освежат вашиот ум, да ви помогнат подобро и повеќе да памтите. Други можат да ве натераат малку повеќе да се потрудите на тренинг и замислете, вежбите кои ги правите да ви изгледаат помалку напорни.
Ванила
Доколку барате утеха, помирисајте ванила. Нејзината арома делува смирувачки на емоциите, но го поттикнува умот на креативност, па искористете го тоа. А, да не заборавиме – наводно има и афродизијачки своиства.
Лаванда
Капка или две  на перницата или туширање со средство кое содржи лаванда ќе ви помогне побрзо да заспиете. Лека ноќ…
Јасмин
Мирисот од цветот релаксира, ја намалува напнатоста, а чајот помага при слабеење па доколку сакате да намалите некој килограм, пијте барем една шолја од овој чај дневно.
Мирис на кафе
Ќе ве смири и ќе ве направи помалку раздразливи по непроспиена ноќ
Лимон
Исцедете две капки и помирисајте ги среде работен ден  или кога подготвувате испит: ќе ви го изостри умот и ќе ви ја зголеми работната способност. Докажано е дека некои мириси можат да го освежат вашиот ум, да ви помогнат подобро и повеќе да памтите. Други можат да ве натераат малку повеќе да

Пронајдете не на следниве мрежи: