Лавина од позитивни реакции предизвика најавувањето на новиот владин проект за “Купи куќа за лица до 35 годишна возраст“. Младите кои го немаат решено своето станбено прашање на социјалните мрежи коментираат дека со овој проект можат да дојдат до свој сопствен дом како никогаш досега, пишува Лидер.“Ова е доказ дека некој се грижи за младите во оваа држава. Ова ќе биде голем стимул за младите да почнат да го живеат својот сон, односно да создадат топол дом и фамилија“
“Секоја чест на Владата. Така се сака и се работи со срце и душа за својот народ“
“Е вака супер звучи, само да се направат дополнителни напори да им се овозможат и на најзагрозената класа да можат и тие да имаат кров над глава“
“Одличен проект, затоа што овозможува решавање на животното прашање“
“Уште еден прексасен проект , секоја чест“ се само дел од многуте коментари.Кои се деталите за новиот проект „Купи куќа за млади“ – субвенции за куќа за лица до 35 години?
Со цел обезбедување поддршка за нова куќа на лица до 35 години без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, Владата го промовираше новиот проект Купи куќа за млади
Два модела за субвенционирање
Со првиот модел, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра државата ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години 50 проценти. Со вториот модел целосно се субвенционира учеството за кредитот зависно од износот што ќе биде земен.
Младите ќе имаат заштеда до 33 илјади евра
Прв модел
Пример:кредит 50 000 евра – субвенција до 30 000 евракредит 40 000 евра – субвенција до 28 000 евракредит 30 000 евра – субвенција до 20 000 евра
Корисниците на проектот може да земат кредит и повисок од 50 илјади евра, но субвенцијата ќе го опфати делот на кредитот до овој износ. Апроксимативните проценки покажуваат дека за кредит од 50.000 евра корисниците ќе добијат субвенција до 30 илјади евра, до 40 илјади евра субвенцијата е 28 илјади евра, а за 30 илјади евра кредит поддршката ќе изнесува 20 илјади евра, рече Груевски. Каматните стапки остануваат исти како и досега, 3,95 отсто во првите три години, а 4,44 проценти во четвртата и петтата година, по што каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од каматните стапки за останатите кредити за стан или куќа.
Втор модел “ учество“
ПримерКредит 50 000 евра – 12 500 евра субвенционирано учествоКредит 40 000 евра – 10 000 евра субвенционирано учествоКредит 30 000 евра – 7 500 евра субвенционирано учество
Младите што ќе го одберат, пак, моделот наречен „учество“ ќе добијат 100 процентна субвенција на учеството за кредитот, односно максимум до 12.500 евра ако го користат максималниот износ за субвенционирање кредит до 50.000 евра. Позитивно во овој модел е што каматната стапка е фиксна цело време при отплатата на кредитот и ќе изнесува 4,5 проценти плус месечен еуролиборт. За кредит, пак, до 40 илјади евра Владата на корисникот ќе му исплати 10 илјади евра за учество, а за 30 илјади евра субвенционираното учество ќе изнесува 7.500 евра.Колку ќе изнесува месечната рата?
Првите 8 години
Рата 200 евра = Влада 160 евра + корисникот 40 евраНаредните 3 години = Влада 100 евра + 100 корисникот
Во случај младите да го одберат првиот модел, појасни премиерот, за рата од 200 евра во која влегуваат и главнината и каматата Владата ќе плаќа 160 евра, а корисникот на кредитот 40 евра во првите осум години од кредитот, а во наредните три години субвенцијата месечно ќе изнесува 100 евра, а исто толку ќе биде и износот на кредитобарателот.
Кои се условите?
Условите за добивање субвенција од државата со проектот генерално се исти како за проектот „Купи куќа купи стан“ освен првичниот критериум за возраста на лицето што ќе го подигне кредитот, најмногу до 35 години. Воедно, барателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит. Ако корисникот е поединец за да користи субвенција треба да има до 35 години месечни примања до 900 евра, а ако станува збор за сопружници барем еден од нив да биде до 35 години и да имаат вкупен приход до 1.300 евра. Проектот се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба.Ќе ќарат и градежните компании
Позитивни ефекти од неговата примена Груевски очекува и кај градежните компании што градат нови куќи, како и кај фирмите за производство на градежни материјали и за внатрешно и надворешно уредување.
“На овој начин ставаме фокус и на дополнителна поддршка на градежништвото и градежните компании во Македонија, што ќе придонесе за нивна поголема профитабилност и за отворање нови работни места во градежниот сектор.Сите светски студии за наталитетот покажуваат дека брачните парови кои живеат во куќи многу почесто се определуваат за повеќе деца отколку оние кои живеат во стан. Проектот има цел на голем број млади да им помогне да дојдат до сопствена куќа, а индиректно среднорочно и долгорочно да се влијае на зголемување на наталитетот, рече Груевски.
Во соработка со градоначалниците и општините, Владата ќе овозможи дополнителен број парцели за изградба на куќи. На општините кои ќе изработат и спроведуваат детални урбанистички планови со кои се предвидуваат парцели за изградба на најмалку 100 куќи Владата ќе им помогне со плаќање дел од комуналиите во сразмер што дополнително ќе биде договорен заедно со ЗЕЛС.
Многукратни бенефити и од проектот “ Купи куќа купи стан“
Преку проектот „Купи куќа купи стан“ во изминатите четири години со субвенции во износ од 4 милиони и 700 илјади евра, како што рече Груевски се помогна 728 семејства да го решат прашањето за стекнување сопствен дом, стан или куќа. Со овој проект, посочи, значително се намали цената на станбениот квадрат и на каматните стапки за корисниците на кредит за стан или куќа. Очекуваме проектот „Купи куќа за млади“ да даде уште поголем ефект и да помогне голем број семејства да се стекнат со нов дом, истакна Груевски.
Проектот, како што најави Груевски, ќе стартува најдоцна од февруари следната година, и претставува усовршување на тековниот „Купи куќа купи стан“ кој исто така ќе продолжи да се реализира.
Вицепремиерот Зоран Ставрески истакнаа дека финансии за спроведување на проектот се предвидени со буџетот за следната година и во зависност од потребите и интересот ќе се обезбеди и дополнителен износ со ребаланс.“Ова е доказ дека некој се грижи за младите во оваа држава. Ова ќе биде голем стимул за младите да почнат да го живеат својот сон, односно да