Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, ги обвини САД дека се вмешани во моменталниот застој во преговорите помеѓу владата и проруските активисти во Украина, додавајќи дека Вашингтон се обидува да манипулира со ситуацијата.Ние ќе возвратиме доколку Русија и интересите на рускиот народ бидат загрозени, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија во интервјуто за рускиот канал РТ.
Сигурно ќе одговориме доколку се решат да не нападнат. Ако нашите интереси, поточно, нашите легитимни интереси, интересите на Русите бидат директно нападнати, како што беа нападнати во Јужна Осетија, не гледам ниту едно друго решение освен да возвратиме во склад со меѓународниот закон – истакна шефот на руската дипломатија.
Во дискусијата за зголемувањето на бројот на руски трупи на границата помеѓу Русија и Украина, Лавров истакна дека руските трупи не ја преминале границата со Украина и дека се` уште се наоѓаат на територијата на Русија.
Лавров додаде дека не постои причина да не веруваат дека Американците водат шоу, притоа мислејќи на скорешната посета на американскиот потпретседател Џо Бајден во Киев и изрази сомнеж дека таа се поклопила со обновените антитерористички операции на истокот на Украина, исто како што почетокот на тие операции се случил веднаш по посетата на шефот на ЦИА, Џон Бренон.
Според Лавров, ситуацијата во Украина е уште еден пример за настојувањата на Вашнгтон да придобијат уште една земја во геополитичката борба со Русија.
Ние ќе возвратиме доколку Русија и интересите на рускиот народ бидат загрозени, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија во интервј