Лавров: Следниот напад врз Сирија ќе има сериозни последици

Русија, Сирија и Иран ги предупредија САД против нови напади врз Сирија.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој беше домаќин на средбата на министрите за надворешни работи на Иран и Сирија, Мохамед Џавад Зариф и  Валид ал Муалем на денешниот состанок во Москва, ги осуди минатонеделните напади на САД врз воено воздухопловната база Шајрат во Сирија.
Тој предупреди дека таквите постапки во иднина ќе имаат „сериозни последици“ не само за регионот, туки и за глобалната безбедност.
САД ја обвинија Сирија дека користела хемиско оружје во нападот врз провинцијата Идлиб во северна Сирија, во која загинаа над 80 цивили.
Русија тврди дека жртвите починале како последица на боеви отрови ослободени од бунтовничкиот хемиски арсенал, погоден за време на напад и повика на меѓународна истрага.
Министерот за надворешни работи на Сирија Валид ал Муалем ги повика инспекторите да ја посетат воено воздухопловната база, за која САД тврдат дека е користена како почетна точка на нападот.
Сите три држави на состанокот барале непристрасна истрага за користење хемиско оружје за време на нападот на Идлиб.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој беше домаќин на средбата на министрите за надворешни работи на Иран и Сирија, Мохамед Џав

Пронајдете не на следниве мрежи: