Сведоци сме на превирањата во Македонија по изборите, наметнување на волја на народот од страна на американската амбасада, атмосфера која потсетува на револуцијата во Украина…Пред скоро две години, министерот за надворешни работи на Руската Федерација пред Советот на Федерацијата одржа говор кој откри шокантни факти и работи кои и се припремаат на Македонија.
Сергеј Лавров доби две прашања од еден од сенаторите кои гласеа: „Во Македонија фактички започна нова обоена револуција. По Украинското сценарио, само што е во почетна фаза. Не ли е дојдено време за поактивно спротивставување на обоените револуции во Европа? Зарем не би требало да се вклучат меѓународните механизми како ОБСЕ и Советот за безбедност на ОН за да се спречат ваквите револуции во почетните фази и да не станат вообичаена пракса за смена на државните власти?“.
Лавров одговори подробно. Неговот одговор го пренесуваме во целина бидејќи објаснува што се припрема на Македонија и кој е планот за поделба на нејзината територија:
„Потполно сум согласен со вас. Нас сето тоа не загрижува. Македонските случувања се прилично сериозно и грубо усмерувани од надвор. Во тој обид владата на Никола Груевски да се обвини за некометентност и за тоа дека не ги извршува своите обврски пред граѓаните, а му се препишува и многу друго. Но, позади сето тоа е желбата да се влијае поради одбивањето да се приклучи на санкциите против Русија.
Ние со сигурност знаеме дека таквите притисоци на него се вршени во врска со тоа што своевремено го поддржа и Јужниот тек, активно сметајќи на тој гасвод во македонски интерес.
Сега тој покажува спремност за соработка по повод реализацијата на други варинајнти за испорака на енергенси од Русија на југот на Европа вклучително и Турскиот тек.
Многу е тажно и опасно што во постигнувањето на целите во подривање на владата на Груевски се обидуваат да го вклучат и албанскиот фактор.
Пред повеќе години таму имаше остри противречности помеѓу Македонците и Албанците. Тогаш беше заклучен Охридскиот рамковен договор кој го врати мирот и согласноста.
Кога потоа ние во контакт со Европската унија го подигнавме прашањето за правата на Русите во рускојазичните Естонија и Летонија ги прашавме: Зошто го поддржавте Охридскиот договор и им дадовте на Албанците во Македонија прилично голем обем на права, а не можете тоа да го направите за Русите во Естонија и Летонија? – Одговор не добивме. Добро е сепак што конфликтот во Македонија беше разрешен.
Сега во тек се разговори дека Македонија треба уште повеќе да се федерализира, да се направи од неа „лесна федерација“, можеби и „конфедерација“. Се изнесуваат дури и идеи Македонија како вештачка држава да се распарчи – дел да и се даде на Бугарија, дел на Албанија.
Без спомување на Македонија, премиерот на Албанија во поширока рамка ја истури паролата „ГОлема Албанија. Во Тирана патуваат лидерите на албанските партии во Македонија и таму добиваат инструкции.
Паралелно со тоа, американскиот амбасадор во Скопје ги повикува лидерите на македонските партии од позицијата и позицијата.
На крајот на април беше организирано патување (низ Македонија) на претставници на ОБСЕ и низа западни земји и ЕУ. Дојдоа во Скопје, се прогласија за „ОБСЕ мисија“ и при тоа изнеусваа некои рецепти и поставија барања до Груевски.
За да не се дозволи такво самоволие да се повтори, би го замолиле седиштето на ОБСЕ, генералниот секретар и претседател на ОБСЕ – актуелниот министер за надворешни работи на Србија Дачиќ – да утврдат што се случувало и да не известат како нешто такво воопшто можело да се случи
Имајќи го на ум бројот на тие посредници, самопрогласени, вчера истапувајќи во Комитетот на министри на Советот на Европа – предложив Генералниот секретар на СЕ, заедно со генералниот секретар на ОБСЕ да го посетат Скопје да поразговараат со сите актери на тамошните процеси и да ги изнесат своите препораки кои би ги разгледувале меѓувладини струткури.
Ние, се што се случува го сфаќаме сериозно. Сметам дека сте во право и дека понатаму треба да се делува онака како што рековте, а можеби и пооперативно, престигнувајќи ги случувањата и барајќи меѓународните организации да испраќаат во Македонија независни експерти, претставници на секретаријатот кои потоа би реферирале за се. За да се донесуваат одлуките колегијално во легитимни структури, а не под тепих“ – одговори Лавров на Сенатот пред речиси две години.
Точно две години по обраќањето на Лавров, се она што кажа се оствари.
Извор: ИнфомаксПред скоро две години, министерот за надворешни работи на Руската Федерација пред Советот на Федерацијата одржа говор кој откри шокантни факти и ра