И покрај издвоената победа против репрезентацијата на Иран, капитенот на македонските ракометари Кире Лазаров, изјави дека не е задоволен од настапот на денешниот натпревар.-Не сум задоволен, ниту лично, ниту екипно како настапивме на денешниот натпревар. Наместо да се одмориме, ние се потрошивме повеќе од планираното. Што се однесува до стартната постава, можам да кажам дека кај нас нема прв или втор тим. Такво нешто не постои во денешниот ракомет. Јас не сум лут што почнав од клупата. Сега нѐ очекува БиХ, која ќе сака позитивен резултат. Сигурен сум дека ќе се поправиме и дека добро ќе го анализираме противникот“, изјави Лазаров по натпреварот.-Не сум задоволен, ниту лично, ниту екипно како настапивме на денешниот натпревар. Наместо да се одмориме, ние се потрошивме повеќе од планираното.
Пронајдете не на следниве мрежи: