Лазаров : Нема дилема, нашата борба за Македонија која ја сакам од срце продолжува!

Loading...

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и светскиот ракометен великан Кирил Лазаров денес повторно се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, по неговиот вчерашен статус кој предизвика голем број реакции. Лазаров дециден и денес „Кога ќе треба да одбереш помеѓу Македонија и било кој друг секогаш изборот е Македонија. Нема дилема!!!“.-Почитувани Македонци. Драго ми е што има различни мислења после вчерашниот мој пост, меѓутоа си ветив на себе пред да постирам дека нема да избришам ниту еден коментар без разлика дали е тој позитивен или негативен. Не сакав да си створам лажна слика за состојбата бришејки ги коментарите што не ми се допаѓаат. Тешките времиња служат за тоа да видиме што мислат нашите блиски за нас. Во мојата професионална кариера имав многу советници од секаков тип. Доблест е да знаеш да ги сослушаш луѓето и сум им благодарен, НО одлуките секогаш ги носев сам. Затоа и сега се одлучив за МАКЕДОНИЈА. Ние сите имаме право да поддржуваме политичка партија, имаме право да навиваме за Барселона или Реал, да бираме помеѓу Меси и Роналдо, секој си има свој вкус и избор но кога ќе треба да одбереш помеѓу Македонија и било кој друг секогаш изборот е Македонија. Нема дилема!!! Имав прилика во кариерата да настапувам и за друга држава, да се обезбедам материјално за цел живот во време кога на нашата репрезентација не и цветаа рози но и тогаш ја одбрав Македонија, и не се каам воопшто баш напротив стојам гордо и ја пеам нашата химна во победи но и во порази… Сега и во нашата држава не цветаат рози но сепак се одлучувам за Македонија, за Македонија која ја сакам од срце…Нашата борба за Македонија продолжува. Само храбро и одлучно, пишува Лазаров во новиот статус на Фејсбук.
-Почитувани Македонци. Драго ми е што има различни мислења после вчерашниот мој пост, меѓутоа си ветив на себе пред да постирам дека нема да и

loading...