Лазаров: Ова е еден од натпреварите по кои нема поправен, но ќе имаме и други шанси

Ова е еден од натпреварите по кои нема поправен, а ние загубивме, рече капитенот Кирил Лазаров по поразот на нашата репрезентација од Словенија.-Не постои ниту најмал сомнеж дека сакавме да победиме и да обезбедиме пласман во квалификациите за ЛОИ во Рио де Жанеиро. Но, ете, доживеавме пораз. Се уште рано за детални анализи, но факт е дека е тешко да се игра, кога бркаш резултат, пред се на психолошки план, а ние постојано денеска моравме да ги бркаме Словенците кои имаа водство речиси во текот на целиот натпревар, рече капитенот
Тој додаде дека имаше тука и среќа, несреќа, промашени зицери и седмерци.
-Такви се овие мечеви, да се биде или не, нема место за поправен, и за жал, ние сме тие што загубија. Што да се прави, да живее Македонија, ќе имаме и други шанси, рече Лазаров.-Не постои ниту најмал сомнеж дека сакавме да победиме и да обезбедиме пласман во квалификациите за ЛОИ во Рио де Жанеиро. Но, ете, доживеавме пора

Пронајдете не на следниве мрежи: