Лазаров синдром: Луѓето се враќаат од мртвите, а науката нема објаснување!

Лазаровиот синдром е феномен кој укажува на спонтано враќање на циркулацијата, на кој секогаш му претходи безуспешна реанимација.Доктор Сандип Џаухар во својата книга „Како еден американски лекар ги изгубил илузиите” ги опишува последните моменти на пациентот Ричардсон, кој се „вратил од мртвите“.
Пациентот Ричардсон беше на работ на смртта и било евидентно дека неговото тело се предало. Му беше направена реанимација, електрошокови, компресија на градниот кош.
По четири дози на адреналин од еден милиграм, дозата постепено се зголемувала прво на пет, а потоа и на десет милиграми, но пулсот не се враќал.
„Срцето му застана, згрутчената крв ги исполни неговите срцеви комори. Во просторијата владееше тишина, а јас го прогласив пациентот за мртов“, опиша докторот во својата книга.
Пациентот Ричардсон се вратил во живот, но само по десет минути повторно му била констатирана смрт.

Во медицинската литература се забележани околу 40 случаи на Лазаров синдром, но експертите сметаат дека има многу повеќе.
Иако голем дел од пациентите умираат набрзо по оживувањето, сепак осум од нив успеале да преживеат, а нивните невролошки функции биле целосно зачувани.
Овој феномен и до ден денес е голема енигма. Неколку експерти претпоставуваат дека прекинот на реанимацијата го зголемува притисокот во градната празнина, притоа овозможувајќи ѝ на крвта да се врати во срцето.Доктор Сандип Џаухар во својата книга „Како еден американски лекар ги изгубил илузиите” ги опишува последните моменти на пациентот Ричардсон,

Пронајдете не на следниве мрежи: