Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по пласманот на Македонија на Европското првенство во Полска следната година, не го криеше задоволството од обезбеденото новото учество на завршницата на континенталниот собир.Ние ја остваривме целта. Иако можеби не се израдувавме како што треба. Сепак ова е голема работа за Македонија, како спортска нација. Бевме во исклучително квалитетна квалификациска група. Можеби можевме и повеќе, но како и да е мора да бидеме задоволни. Пред нас претстои ЕП, изјави по натпреварот Кирил Лазаров.
Тој истакна дека исклучително е важно што во селекцијата сега има повеќе интернационалци, потенцирајќи ги поранешните ракометари на Металург, кои сега настапуваат во странство.
Не треба да се задоволивме само со континуитетот кој го имаме. Треба да се обидеме да одиме чекор повеќе. Би звучело многу ветувачки ако кажам дека во Полска ќе одиме да го повториме петтото место од Србија, но мора да бидеме во самиот врв, да се бориме со најдобрите во Европа, рече Лазаров.
Кирил Лазаров со 11 постигнати голови беше нашиот најефикасен ракометар во победата на Македонија над Словачка од 32:28Ние ја остваривме целта. Иако можеби не се израдувавме како што треба. Сепак ова е голема работа за Македонија, како спортска нација. Бевме во искл