Лазаровски: „Да го вратиме сјајот на фасадите“ е проектот кој ќе ја одбележи 2014 во Карпош

Карпош, општина со огромна визија за иднината, планови, проекти и место каде што живее хуманоста и солидарноста во срцата на секој граѓанин. Катче кое со гордост го краси Градот Скопје.Градоначалник е Стефчо Јакимовски, а носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Лазаровски е претседател на Советот на Општина Карпош. Своето искуство и идните планови на општината, Лазаровски накратко ги пренесува во интервјуто за Курир.
Со кои барања доаѓаат граѓаните кај вас и како ги регулирате истите?
Барањата најчесто се од областа за катастарски услуги, односно легализација на диво изградените објекти и дозволи за градба. Понатаму, доаѓаат лица од социјално загрозени семејства барајќи помош, а општината секогаш наоѓа соодветен начин и им помага, болни лица на кои им се потребни срдства за лекување, помош при вработување и финансиска поддршка за спортските клубови кои функционираат на територијата на Опшина Карпош.
Во рамки на манифестацијата „Недела на енергетска ефикасност“ во Загреб, Република Хрватска беше одржана Меѓународна конференција во која свое учество зема и Општина Карпош, како единствена општина од Македонија. Кажете ни нешто повеќе што се случуваше во Загреб?
Оваа презентација се однесуваше на реконструкциите на јавните згради со примена на мерки за енергетска ефикасност на фасадите, прозорците и вратите, како и на искуствата од примената на „Правилникот за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти како услов за добивање на одобрение за градење од Општина Карпош“ во досегашниот период. Ова претставува единствена реална пракса на локално ниво која не произлегува од донесени законски акти на државно ниво, каде веќе Словенија, Хрватска и Србија поседуваат и почетни искуства. Самата презентација на нашето искуство, освен кај претставниците од овие земји, предизвика интерес и кај меѓународните претставници и организации присутни на конференцијата.
Кои инфраструктурни проекти ја одбележаа минатата 2013 година?
Општина Карпош во 2013 година работеше за сите и на постарите и за најмладите. Реконструкција беше направена на предучилишните установи на територијата на општината. Прва на ред беше ЈОУДГ „Пролет“ (во Козле), каде целосно беа реконструирани керамичките плочки во санитарните простории, инсталацијата и санитарните јазли, меѓу другите инфраструктурни зафати, општината спроведе реконструкција на осветлувањето на кејот на Вардар во урбаната заедница Влае 2. Во Општина Карпош во тек е нов проект за изработка на подземен катастар на уличното осветлување. Тоа подразбира изработка на база на податоци што ја опфаќа целата мрежа на уличното осветлување во општината. На барање на Психијатриската болница ,,Скопје” – Бардовци, во рамките на болничкиот двор беше поставена нова урбана опрема, односно 12 парковски клупи и шест корпи за отпадоци. Во рамките на општинскиот проект ,,Да го вратиме сјајот на старите фасади во Карпош’’, започна реновирањето на старата фасада од зградата која се наоѓа на булеварот ,,Партизанси одреди’’ бр. 56. Исто така, општината  започна со реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата 1010 во населба Козле. Станува збор за инвестиција вредна повеќе од 2,5 милиони денари, со која ќе се извршни целосна реконструкција на повеќе од 250 метри долж оваа улица.

 
Кои беа најзначајните настани оваа година во областа на спортот и културата?
Традиционалната манифестација „Карпошово културно лето 2013“, која траеше од 14 август до 5 септември. На љубителите на културните настани им беше понудена богата програма, исполнета со содржини за сечиј вкус. Ова беше шестото „Карпошово културно лето“. Во спортските активности особено се истакнаа шестото државно првенство во Кендо. Спортистите се натпреваруваа во четири категории, а љубителите на оваа јапонска вештина беа сведоци на Кендо-концептот, преку кој можеше да се забележи дисциплинираниот човечки карактер и префинетиот стил на употреба на Катаната. Понатаму, државното изборно првенство во кик – бокс. Во организација на Македонската кик-бокс федерација, под техничка организација на кик-бокс клубот ,,Адреналин” од Карпош и под покровителство на Општина Карпош. Исто така, значајно да се спомне е и Пливачкиот и ватерполо клуб „Бета“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“, со финансиска поддршка од Општина Карпош, годинава беа организатори на традиционалниот  Меѓународен пливачки и ватерполо митинг „13 Ноември“.На оваа спортска манифестација, ватерполистите од ВК ,,Аполо’’-Солун (Грција) го освоија првото место, второто место им припадна на домашните ватерполисти од ВК ,,Бета’’-Скопје, додека, третото место го обезбедија ватерполистите од ВК ,,Дубочица’’-Лесковац (Србија).
Кои се идните планови на Општината Карпош?
Меѓу најголемите проекти во 2014 година ќе се најде општинскиот проект „Да го вратиме сјајот на старите фасади во Карпош“, со тоа повеќе стари згради ќе добијат нови современи и добро изолирани фасади. Проектот кој е веќе започнат ќе продолжи со реконстукција на сите градинки и основни училишта на територијата на Општина Карпош, довршување на изградбата на плоштадот во населбата Влае и понатамошна соработка и помош на културните и спортски манифестации.
Извор: КурирГрадоначалник е Стефчо Јакимовски, а носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Лазаровски е претседател на Советот на Општина Карпош. Свое

Пронајдете не на следниве мрежи: