Лажен елек на бомбаш – самоубиец е употребен при грабнувањето на египетскиот авион

Човекот кој ги натера пилотите на египетскиот Ербас А320, на домашниот лет од Александрија за Каиро, да го насочат авионот кон Кипар, имал на себе лажен бомбашки елек, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Египет, пренесе МИА. 
Снимките што ги прикажа министерството, го покажуваат Сеиф Елдин Мустафа, како минува низ контролните електронски пунктови на александрискиот аеродром, со мала торба во рацете, која била прегледана на машините за скенирање.
Ниту еден од скенерите, на ниту еден контролен пункт не откриле ништо сомнително кај овој патник, што би требало да се случи доколку навистина имал на себе елек на бомбаш-самоубиец.
Во соопштението на египетското Министерството за туризам се вели дека биле применети сите потребни безбедносни мерки пред летот МС 181, на авионската компанија „ИџиптЕр“.
Според ова Министерство, воведени се дополнителни строги безбедносни мерки по аеродромите во Египет, за што се вложени дополнителни една милијарда долари годишно по соборувањето на рускиот патнички авион над Синајскиот Полуостров, во октомври минатата година.
Реакциите на двете египетски министерства уследија по острите критики на западни безбедносни и аеродромски експерти, што вчера ги изрекоа на сметка на работењето на безбедносните служби на аеродромот во Александрија, откако се разбра за грабнувањето на авионот и за тоа дека киднаперот се заканувал дека на себе има елек на бомбаш самоубиец.
Авионот со 56 патници и шестмина членови на екипажот, како и едно безбедносно лице, беше грабнат веднаш по полетувањето. Меѓу патниците, 26 биле странци од вкупно осум држави.
По неколкучасовни преговори на кипарската полиција на аеродромот во Ларнака, грабнувачот се предаде, а сите патници беа ослободени, но останаа нејасни кои се мотивите за овој инцидент.
Властите во Кипар, тврдат дека не станува збор за терористички инцидент и дека во прашање беше „приватна драма“ на еден растурен брак.
За грабнувачот Мустафа кој остана во притвор, се тврди дека бил „психолошки нестабилен“ а полицијата во Каиро ги испрашувала неговите роднини.
Египетскиот авион, доцна синоќа, во 22,30 по локално време, полетал од Ларнака за Каиро, а патниците од киднапираниот авион со специјален лет беа одведени во Каиро.
  
Снимките што ги прикажа министерството, го покажуваат Сеиф Елдин Мустафа, како минува низ контролните електронски пунктови на алекса

Пронајдете не на следниве мрежи: