Вработениот во МВР, против кого е поднесена кривична пријава поради незаконски влијаење на сведоци, како што дознаваме на сведокот му нудел 100.000 евра кои наводно требало да му бидат исплатени од еден од првите луѓе на СДСМ.Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Курир дознава дека главна цел на невистинитиот исказ кој требало да биде потпишан од страна на сведокот на Јанева, требало да биде поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Со тоа требало да биде компромитирана и само врз основа на конструираната изјава би се обезбедила основа за нејзина јавна дискредитација.
Ваквите обиди за поткуп и влијаење врз сведоци, според извори од истрагата, се документирани и поткрепени со докази, а се очекува и надлежното Јавно обвинителство набрзо да го земе предметот во процедура. Истите извори велат дека недозволиво е службени лица од полицијата на ваков начин да се обидуваат да конструираат случаи кои подоцна би и ги претставиле на јавноста како нешто реално.
Дополнително, вработениот во МВР, за кој е поднесена кривична пријава поради влијаење на сведоци, беше метеорски беше унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски, а истиот имал и чести контакти со тимот на Јанева и Спасовски.
Дополнително се отвора и прашањето дали обвинителите од обвинителството на Јанева не ги снимаат сослушувањата за да остават простор за изнудување на изјави со уцени и притисоци, што е спротивно на законот?
Како што веќе објавивме, лицето било уценувано и психички малтретирано од тројца обвинители кои барале да појасни службена процедура која воопшто не ја работи. Обвинителите од тимот на Јанева се заканувале дека ќе биде обвинет/а и „дебело ќе одговара“.
„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.
На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор, надвор од секаква процедура пропишана со закон.Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвини