Украинската убавица Јулија Старик, раскажала за „Дејли Мејл“ приказна која го потресе светот на моделингот и модната индустрија, во кој ваквите понуди за работа не се новитет.Голем број девојки се согласуваат да отидат на ваков вид снимања, со надеж дека ќе им помогнат при добивањето на работа. Така постапила и Јулија, а кога разголена застанала пред објективот од камерата, инстантно се посомневала во својата одлука. Потоа, „агентот“ од неа побарал да одглуми секс сцени и да ги лиже прстите.
Агентот, кој тврдел дека претставува една од водечките светски модни агенции, потоа ѝ рекол дека целиот нивен разговор е снимен и се заканил дека ќе го објави видеото на интернет доколку таа не ги послуша неговите наредби.
Во замена да го избрише видеото, тој побарал од неа да имаат виртуелен секс.
„Во тој момент сфатив дека мојот живот засекогаш ќе биде уништен ако ја прифатам неговата понуда. Одвратно се чувствував“, рекла Јулија.
Таа ја одбила понудата, а подоцна дознала дека не е единствената на која ѝ се случило тоа.
По тригодишно истражување, таа успеала да дојде до повеќе информации за лажниот агент, а она што го открила ги изненадило сте.
Жртвите на овој лажен агент се наоѓаат по целиот свет, а некои од девојките имаат само 13 години.
Токму затоа, Јулија решила јавно да прозбори и да ги предупреди девојките на сѐ она што би можело да им се случи доколку некој им понуди ангажман од овој вид.Голем број девојки се согласуваат да отидат на ваков вид снимања, со надеж дека ќе им помогнат при добивањето на работа. Така постапила и Јулија, а