Лидерот на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, го поддржа републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, предупредувајќи дека неговата демократска противничка Хилари Клинтон ќе донесе војна и несреќа во светот, јави Танјуг.– Се, само не Хилари Клинтон, тоа е она што е најдобро за интересите на Франција, изјави синоќа Ле Пен за „Си-Ен-Ен“, одговарајќи на прашањето кој американски претседател го поддржува.
Ле Пен изрази уверување дека Хилари Клинтон значи војна, пустошење, дестабилизација во светот, економски избори кои би биле погубни за францускиот народ и геостратешки избори кои би довеле до глобален судир.
Лидерката на француската крајно десничарска партија со Трамп дели стратегија која се основа на претставување на себеси како „антисистем“.
– Нам ни е заедничко тоа што не сме инсајдери, не сме дел од систем, не зависиме од никого и не примаме наредби од ниту една финансиска инситуција, нагласи Ле Пен, зборувајќи за неа и Трамп.
Марин Ле Пен е кандидатка на француските претседателски избори кои ќе бидат одржани во април 2017 година.– Се, само не Хилари Клинтон, тоа е она што е најдобро за интересите на Франција, изјави синоќа Ле Пен за „Си-Ен-Ен“, одговарајќи