Министерот Веле Самак заедно со највисокиот менаџмент на американската компанија Леар во присуство на претставници на Владата на Република Македонија и локалната самоуправа ќе го назначат отворањето на новоизградената фабрика во Тетово.Првите контакти со корпорација Леар, министерот Самак ги оствари во 2013 година, во Германија, при посетата на нивното европско седиште. Во мај 2015 година, Корпорацијата ЛЕАР, водечки глобален добавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, официјално ја објави одлуката за инвестирање во Македонија. Во јули 2015 година се потпиша Договорот за инвестирање со Владата на Република Македонија.
Леар првично започна со работа на браунфилд локација во Гостивар преку вработување на 300 лица со вештини за кроење и шиење на кожа и ткаенина за производство на автомобилски навлаки за седишта. Денес фирмата ги отвара вратите на новата фабрика во ТИРЗ Тетово.
Новата фабрика која се простира на 12.000 метри квадратни е реализација на првичниот план на Леар со инвестиција вредна над 15 милиони евра. Фабриката располага со врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории. До 2018 година ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА планира да вработи од 1.500 до 2.000 граѓани, бројка која согласно нивното искуство може да достигне и до 3.000 нови вработувања преку планирана експанзија од дополнителни 8.000 квадратни метри.
-Во дополнение на тоа што нуди навлаки за седишта и сродни производи за автомобили од светска класа, „Леар“ Тетово ќе даде придонес за локалниот регион во контекст на вработување и најмување на искусни професионалци за шиење како и лица кои неодамна го завршиле образованието во локалните образовни институции, рече Свен Дам, заменик претседател на „Леар“ за работа на тапацир за Европа и Африка.
„Сите со кои остваривме локална соработка многу ни помогнаа и ние тоа навистина го цениме“.
-Отворањето на оваа фабрика е нова историја за Тетово и регионот за чија важност се боревме со неколку земји од регионот. Динамиката на работа и задоволството на фирмата од локалниот кадар ни дава голем оптимизам за достигнување на планираниот капацитет од 2500-3000 вработувања. Со оваа фабрика, како кабинет, заокружуваме реализација на инвестиции каде моментално работат над 11000 вработени и претставуваат раст на БДП од 300 милиони евра годишно, истакна министерот Самак.
„Леар Корпорејшн“ е еден од водечките добавувачи на автомобилски седишта и електрични системи за дистрибуција. „Леар“ ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот и содржината на „Леар“ може да се најде на повеќе од 350 ознаки на производители на возила. Производите на „Леар“ кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од разновиден тим кој брои околу 140 000 вработени, распределени во 36 земји. „Леар“ во моментов е рангиран на 154-тото место од листата на „Форчун 500“ (Fortune 500). Седиштето на „Леар“ е во Саутфилд, Мичиген, САД.Првите контакти со корпорација Леар, министерот Самак ги оствари во 2013 година, во Германија, при посетата на нивното европско седиште. Во мај 201