Ледени коцки!

Доколку сакате да се заблажите, пробајте го овој едноставен и вкусен рецепт!Потребно е:
6 јајца 2 пудинга од ванила (може и од лешник) околу 300 гр шеќер 1 литар млеко 1 маргарин на собна температура 100 гр чоколадо за готвење околку 100-150 гр брашно зејтин 2 лажици какао
Подготовка:
Пандишпан:
6 белки се матат посебно со 6 лажици шеќер, потоа се додаваат 6-те жолчки и сè заедно се изработува во цврст снег. Потоа една по една се додаваат 6 лажици брашно. Откако добро ќе измешаме додаваме 3 лажици зејтин и 2 лажици какао. Мешаме да не останат грутки и печиме на 200 степени околку 15 мин.
Готовата изладена кора се прелева со шербет подготвен од 5 лажици шеќер и малку вода.
Фил:
700 мл млеко се става да се стопли со 10 лажици шеќер. Кога ќе биде млако млекото се вади настрана една чаша. 2-та пудинга се мешат со 2 лажици брашно и чашата млеко. Стопленото млеко се трга настрана и се додава смесата со пудингот се меша и се враќа 1-2 мин на тивок оган. Се остава да се излади.  Маргаринот се изработува посебо, а потоа се додава во изладениот пудинг и се изработува заедно. На мене лично ми дојде многу маргарин и за вкус додадов 1 ванила, можете и вие да направите така или да го намалите маргаринот на 150 гр.
Се премачкува кората со филот и се подготвува чоколадната глазура од 6 лажици шеќер, 6 лажици млеко, 1 лажица маргарин и 100 гр чоколадо.
Откако малку ќе се излади се става во фрижидер да се стегне.Потребно е:
6 јајца 2 пудинга од ванила (може и од лешник) околу 300 гр шеќер 1 литар млеко 1 марг

Пронајдете не на следниве мрежи: