Актерот Жан Клод Ван Дам напушти телевизиско интервју во Австралија, тврдејќи дека прашањата на водителот биле многу досадни.Ван Дам за „Канал 7“ изјавил дека е изморен од прашањата за некогашниот однос со пејачката Кајли Миног и неговиот распоред на тренинзи.
„Простете, но јас ова повеќе не можам да го слушам бидејќи секој пат ме прашувате за истото. Кога и да дојдам во Австралија ме прашувате за Кајли“ – му одговорил актерот на водителот за пејачката со која беше во врска во деведесеттите години.
Ван Дам му рекол на водителот дека истите прашања ги слуша веќе 25 години и дека сега сосема поинаку гледа на животот.
Одредени медиуми наведуваат дека Ван Дам при напуштање на интервјуто заминал во тоалет.Ван Дам за „Канал 7“ изјавил дека е изморен од прашањата за некогашниот однос со пејачката Кајли Миног и неговиот распоред на тренинзи.