– Едноставно морав да ја снимам нејзината смрт – вели Фредерик Лумиер. И додава: „Скоро и можете да ме слушнете како плачам зад камерата“.Приказната е фокусирана на Мишел Болдвин (45), самохрана мајка, на која ѝ е дијагностициран рак на матката уште од 2011 година. Докторите ѝ дале само неколку месеци за живот и таа решила да го искористи преостанатото време за да направи разлика.
Лумиер ја запознал Мишел по нејзиното враќање од Индија, каде што таа го сруши светскиот рекорд во веслање, веслајќи дури 1.126 километри по реката Ганг, со цел да ја крене свеста на јавноста за ракот на матката.
Во почетокот, тие се слушале по телефон, но со тек на времето станале пријатели. Инспириран од нејзината приказна, Болдвин реши да го сними документарниот филм „Лејди Ганга“.
Тој не сакал да филмот да доживее класична судбина – да се продаде на некоја телевизиска мрежа или студио. Наместо тоа, тој и помошниот продуцент Марк Хефти, почнале да собираат пари на „Кикстартер“. Тие планираат да ги донираат собраните средства од филмот за Меморијалниот фонд „Мишел Болдвин“, кој го управува Американската асоцијација за сексуалното здравје.
Според Центарот за конторла и превенција на болести, ракот на матката може да се спречи. Тој е предизвикан од човечкиот папилома вирус или ХПВ, за кој има вакцини. Но, сепак, секоја година од него умираат повеќе од 270.000 жени во светот.
Мишел Болдвин почина во февруари, 2012 година. Лумиер не бил во состојба да работи на создавањето на филмот по нејзината смрт.
– Секогаш кога ќе се обидев да работам на филмот, се чувствував дека правам нешто несоодветно. Што и да направев, чувствував дека нема да биде доволно добро за неа – вели тој.
Неговата сопруга на крај го убедила да отиде кај терапевт, кој му помогнал да сфати дека неговото тагување е нормално.
За информација, бројот на донации на неговата страница на „Кикстарт“ продолжува да расте. За помалку од 12 часа, неговиот проект има собрано над 12.000 долари.Приказната е фокусирана на Мишел Болдвин (45), самохрана мајка, на која ѝ е дијагностициран рак на матката уште од 2011 го