Лејла Сабит со нова книга!

Читана како Кери Бредшо, интересна како Озборувачка, нашата Лејла Сабит со ист нарав, но во поинакво руво.На 16 септември 2015 година во книжарницата „Култура“ на плоштад Македонија, Лејла Сабит ќе ја промовира својата нова книга, втора по ред, насловена како „VIP–новиколумниналејласабит“.
Луксузното издание опфаќа 260 колумни.
Читателите ќе можат да ја купат новата книга на сите продажни места на Култура од 17 септември 2015 година.
„VIP – новиколумниналејласабит“ е во издание на издавачката куќа Култура, а е поддржана од ЕУРОЛИНК.
Еве што кажаа рецензентите за Лејла Сабит:
„Лејла Сабит не треба да ја запознаете за да ја познавате. Тоа е моето непосредно сознајно искуство за неа, и како новинарка и како човек. Не, не само затоа што е со заслужен VIP статус во својата професија и градски лик од сите позначајни културни случувања во земјата. Многу повеќе затоа што во нејзините ИЗЛОГ-колумни секогаш „го купувате тоа што ви се продава“. Без скриени фалинки, без лажни претензии, без лажна љубезност, без лицемерни четки и без извештачени додворувања или реклами…“ – д-р Каролина Ристова-Астеруд
„Опсерваторската моќ на авторката ја одразува нејзината длабока нурнатост во она што го обликува животот, пришто се истакнува нејзиниот распон од разнородни и богати сознанија, како карактеристика на нејзината публицистичка личност. Овие колумни покажуваат колку, како новинар, Лејла Сабит се движела низ ходниците на животот, како новинар во повеќе области од живеењето…“ – Гордана Михаилова – Бошнаковска.
Повеќе прочитајте во „VIP–новиколумниналејласабит“.На 16 септември 2015 година во книжарницата „Култура“ на плоштад Македонија, Лејла Сабит ќе ја промовира својата нова книга, втора

Пронајдете не на следниве мрежи: