Овој сируп е толку вкусен, што може да го пиете и доколку немате проблем со кашлица.Ловоровиот лист му дава посебен вкус и тон на слаткост и горчливост, лимонот му ја дава својата киселост, а шеќерот е оној кој ќе ги „поврзе“ овие состојки со водата и ќе ги носи низ телото.
Непријатната кашлица е многу честа во овој период од годината, но постои лек кој се крие во вашата кујна.
Дознајте како со овој вкусен природен сируп да ја излечите кашлицата и на телото да му ја вратите енергијата.
Потребни состојки:
– 6 листови ловор
– 2,5 дцл вода
– 6 лажици шеќер (најдобро да користите кафеав шеќер)
– 1 лимон
Подготовка:
Затоплете ја водата. Додадете го ловоровиот лист и варете со затворен капак од 6-10 минути. Извадете ги листовите ловор, ставете ја течноста во сад во кој ќе го приготвите сирупот, па додадете го шеќерот и исцедете го лимонот, промешајте добро за да се стопи шеќерот. Земајте по една лажичка неколку пати дневно. Секој пат кога ќе ве нападне интензивна кашлица земете по една лажичка.
Напомена:
Сирупот можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Можете да го консумирате и ладен и топол.
Доколку имате и други симптоми на настинка, по сирупот корисно е дополнително да земете по една кришка лимон која ќе ја џвакате. Сирупот е многу делотворен во спречувањето на сувата кашлица.Ловоровиот лист му дава посебен вкус и тон на слаткост и горчливост, лимонот му ја дава својата киселост, а шеќерот е оној кој ќе ги „поврзе&



