Оваа моќна комбинација ја забавува физичката и енергетската рамнотежа, ја зголемува хормонската активност, одлично делува за сите проблеми со тироидната жлезда, помага при обновување на станиците и го неутрализира делувањето на отровите.Младите зелени ореви имаат многу витамин Ц, јод и многу други витамини , а нивниот сируп со мед меѓу народот често им се дава на болните возрасни и деца и слабите и анемични лица.
Младите зелени ореви помешани со мед имаат позитивно влијание во случај на слабокрвност и помагаат при прочистување на црниот дроб, желудникот и крвта.
Овој сируп е одличен со проблеми при работењето на тироидната жлезда , за болести на грлото и респираторниот систем, посебно кај бронхитис, за зголемување на имунитетот, помага кај тешкотиите предизвикани од климакс и хронични респираторни болести.
Погледнете како се приготвува лековитиот сируп на следната страна:
Состојки:
40 млади зелени ореви во кора
1 кг квалитетен мед
Начин на подготовка:
Младите ореви измијте ги, исушете ги па исечете ги на четвртини и ставете ги во тегла, а потоа прелијте ги со мед.
За време на сечењето, најдобро е да користите ракавици, за да не ви се исцрнат прстите.
Теглата добро затворете ја и оставете да отстои еден месец на сонце. Промешајте повремено.
Кога оревите ќе отстојат во тегла тие го пуштаат својот лековит сок во медот, медот се разредува на тој начин и добива темна боја. Ореите извадете ги, а овој сируп е тоа што треба да го пиете.
Чувајте го на ладно и темно место.
Консумирање:
Се зема по една лажица дневно, најдобро наутро на празен желудник. Младите зелени ореви имаат многу витамин Ц, јод и многу други витамини , а нивниот сируп со мед меѓу народот често им се дава на болните возрасни и



